Опасни размислувања
Friday, June 29, 2007 11:31:49 AM
Онтологиите на нашите светови,конкретните и апстракните,почнаа веќе да се растопуваат како сладолед во Сахара.
P.Hut проблем гледа во тоа што квантните заврзлами и логичната недореченост немаат карактер на вистина која ви се фрла в сурат како што тоа биле вистините за Земјата која се врти или за нашето сродство со мајмуните.Ќе мора да почекаме да онтологијата на нашиот традиционален свет и понатаму да се разоткрива,пред авандгардните увиди да се претворат во вистинска револуција.
Коперник го вознемири моралниот поредок,ја разгради строгата граница помеѓу земјата и небото.Дарвин го направи истото кога ја омеѓи строгата разлика помеѓу луѓето и животните.Дали следниот чекор ќе биде разградување на строгата разлика помеѓу реалата и фикцијата?
За да тоа предизвика шок,мора да дојде на научен респектабилен начин,како многу прецизен и неизбежен заклучок-би требало да се има техничка снага на корпусот на знаење како што е квантната механика.Можеби радикалното ново уредување на времето тоа ќе го дуздиса.Во секојдневното искуство времето течи, и ние протекуваме во него.Во класичната физика,времето е замрзнато како дел од замрзната слика на просторот-времето.А се уште нема слога за тумачењето на времето во квантната механика.
Што ако идното научно разбирање на времето покаже дека сите претходни убедувања биле погрешни,и ако докажи дека минатото и иднината па и сегашноста не постојат?Дали сите овие прикаски кои се плетат околу нашата поединечна лична историја и иднината едноставно се погрешни?Тоа сепак,би била опасна идеjа.
Радикализирана релативност
Во атарот на уметноста и хуманистиката една од опасните идеи е потполната релативност на сите позиции и стилови на процедурата.Идеа на R.Foreman - не постојат „апсолути“ во уметноста-во модерната ера,секој напор кој вреди нешто бил,на овај или на онај начин,истакнување и славење на елементите кои веќе биле недопуштени односно одфрлени од предходниот „класичен“ стил.R.Foreman - таквото стално „превртување на вредностите“,секако,и испорачува на денешната постмодерна ера,во која фрагментацијата,површната вредност и сложеното ткаење на самплинг процедурата доминира,а „средиште повеќе нема“.
``Јас`` е само поим
J. A. Paulos се сомнева во тоа дека постои надчовечко суштество,таа идеа е банална,но радикалното сомневање во тоа дека ние воопшто постоиме,барем како повеќе од нормалните,маргинално интегрирани битија кои имаат вообичаени предзнаци...
...суштественоста стално ја менува збирката на верувања,забелешки,и стојалиштето,да тоа не е есенцијален и траен ентитет,туку појмовна химера.
(Така барем понекогаш размислува таа збирка на уверувања...
Сите ние сме виртуелни
Нашата желба за примање на виртуелна вистинитост е се поголема.
C. Pickover - како што нашето разбирање на човековиот мозок се зголемува,ќе направиме и замислена стварност и збир на сеќавања како би ги поддржувале тие симулакруми.Например,еден ден ќе биде возможно да се симулира посета на средниот век,за да доживувањето биде пореалистично,би можеле да го осигураме и уверувањето дека и навистина сме биле во средниот век.Лажните чувства можад да се вградат,и можат привремено да ги препокријат вашите вистински сеќавања.Тоа би требало да е лесно изведливо во нашата блиска иднина-со оглед на тоа да со употребата на дрогата ДМТ можно е лесно да го наведеме умот да направи многу детални светови исполнети со украсени замоци,палати и чудни суштества.Со други зборови,мозоците на луѓето кои земаат ДМТ изгледа допираат до ковчегот со богатство од слики и доживувања кои обично уклучуваат градови од драги камења,храмови,ангелски суштества,разни животински облици,змии и блескави метали,средби со спиритуалистички мистични/транс-димензионални битија.
Кога ќе можеме да го разбереме мозокот подобро,ќе можеме да реализираме и повеќе контролирана визија.
Нашиот мозок е способен да симулира сложени светови и кога сонуваме.
Ако ја сватиме природата на начинот со кој мозокот го индуцира уверувањето на јаве,и кога се чудни,не физички појавите на случувањата во нашите соништа,би можеле тоа знаење да го употребиме за да нашиот симулиран излет во средниот век делува сосема реално,во случај кога симулацијата не би била совршена.Би било лесно да се направи наизглед реалистична виртуелна реалност затоа што не мораме да бидеме совршени па ни добри во точноста на нашите симулации за да тие би биле реални.На крајот од краевите,нашите ноќни сонови обично делуваат доста вистинито и кога при будењето воочуваме логички или структурни недоследности кои во бив постоеле.
Во иднина,за секој од вашите стварни животи,ќе можете лично да створите десет симулирани животи.Во текот на денот сте компјутерски програмер за ИБМ.А по работа че бидете витез со сјаен оклоп во средниот век,кој се гости на раскошни банкети,и им се смешка на девојките кои го забавуваат и ужива со прекрасните принцези.А ноќта за викендот ќе одите во стар Вавилон на една стара добра оргија.


Anonymous # Thursday, July 5, 2007 5:56:37 PM
flebur # Thursday, July 5, 2007 8:13:25 PM
Диметилтриптаминот(дмт) знае кај мава,како неуротрансмитер може да се синтетизира директно во нервните завршетоци,го регулира пренесувањето на ел.сигнали помеѓу самите нервни станици и помеѓу нервните и ефекторските станици.Како неуропептид,споро делува но предизвикува долготрајни промени во нервниот систем.Исто така слично како серотонинот кој се произведува во мозокот а и во пробавниот тракт(она змејчето твое кое го голтна тука нешто мати вода).Промената на неговата концетрација внатре во мозокот може да доведе до разни изместувања на однесувањето-депресија,агресија,пореметувања во спиењето,како и регулација на чувството на глад.
Е сега и јас тро верглам,туку да му ја летниме ние до Амазон.... или како алтернативна опција до кај Мариово наше .
Мир со тебе Џаму.