Јулијански,Грегоријански или пагански
Sunday, 6. January 2008, 13:18:56



-Бедру,Јапонија -Адад,Асирија -Атис,Фригија -Тамуз,Сирија -Витоба,Билингонез -Јао,Непал
-Бали,Афганистан -Индра,Тибет -Бал и Таут,Феникија -Заратустра,Асирија -Один,Скандинавија
-Саливаана,Бермуда -Буда,Индија.... итн. итн.
На овие „ историски личности “ односно Богови заеднички именители им се исто така и овие поими :
- роден на 25.12.
-роден од страна на девица
-ѕвезда на Истокот
-Три Кралеви
-дванаесет ученици (следбеници)
-пратеник
-крал на кралевите
-син божји,божја светлост
-„света“ недела
-изведување на чуда
-распнат (крст)
-бил мртов три дена
-воскреснал по тоа
Како за почеток,можеме да воочиме дека датумите на раѓање,раѓање од страна на девица,и присуството на ѕвездите од исток се астролошки појави.

Сириус е ѕвезда од истокот,која на 24.12.лежи во иста линија со три други ѕвезди,во древните времиња наречени „Трите Кралеви“.Таа линија го покажува точното место на хоризонтот од Земјата на кое излегува Сонцето (привидно) 25.12.Тоа го симболизира раѓањето на „Синот Божји“ во времето на зимскиот солистициј.
Девица е соѕвездието и името на на мајката девица вообичаено почнува со М исто така името на тоа соѕвездие има ознака М.
Куќата од која се раѓа-Витлеем (Bethlehem = House of bread) = куќа од која се раѓа.Во консталација на Девица-место на небото.

Трите денови (22,23 и 24.декември)го симболизираат соѕвездието „ Јужен Крст “.
Транзиција на Сонцето.
Концептот на распнување на крст,мртов 3 дена и воскреснување се повторува кај сите тие ликови.
Многу пред христијанствто древен пагански симбол бил крстот,како средиште на зодијакот,Сонцето како извор...Крстот како важен симбол постоел од прастаро време.Во древните текстови често се споменува изразот „ Age “ (година,време).Таа година не е класична година туку кај процесијата на еквиноксот (рамнодневницата,ден кога и ноќта и денот се еднакво долги),голем (под) циклус од 26000 години,го означува временскиот период од 2150 години,на една куќа во зодијакот.Тоа исто така се нарекува и „голема година“.
12 ученици (следбеници) претставуваат 12 констелации (соѕвездија) на зодијакот.
Моментално се кршат копја околу тоа кој календар да се користи за празнување на верските празници во Македонија.
Мене пак нешто друго ми го тупи копјето....
Сликите се од документарецот „Zeitgeist - The Movie“















Anonymous # 7. January 2008, 21:03
Арно си кажа Фљамбо, арно.
Bunka
Anonymous # 7. January 2008, 21:32
ќе те линкам :)
Anonymous # 7. January 2008, 21:36
Некој на времето многу повеќе гледал во ѕвездите и тоа без телескоп ... само денес неможе да се гледа во нив ... магли, смогови, разноразни цвикери
филмот е топ, особено првиот дел ... другите ми беа ептен изџвакани претходно
ептен си вреден кога нешто сакаш да кажеш
супер Фљамбуре
flebur # 7. January 2008, 22:07
ок,лотосу.
џаму,само да се запролети....
на риби,со ноќевање,мариово,некаде на црна,(една од варијантите)
тро вино,оганче и полно небо со ѕвезди
тогаш и луѓето се претвораат во ѕвезди
Anonymous # 7. January 2008, 22:12
од твоја уста во ѕвездени уши
да сме живи здрави и орни
Anonymous # 7. January 2008, 22:13
Некои работи паѓаат в очи :) Не може да се премолчат :)
Весели празници.
поздрав.
Anonymous # 8. January 2008, 12:45
симболите се само дводимензионална проекција на тро или повеќедимензионалниот универзум и тоа гледано од наша -Земјена- перспектива. значи ли тоа дека Бог не е универзален?
flebur # 8. January 2008, 18:34
кибиц,некои работи бараат буричкање,превртување,иако изгледаат толку статитчнонепоместливи.
поздрав и се читаме.
...симболите,без разлика каде се наоѓаат и како нас ќе ни заблескаат,секако дека зависат од нашето земно ниво и перспектива
и ако човекот е сам по себе искра на божјиот ум кој се труди да го искаже своето влијание низ ѕвездите,значи бог е хомоген,универзален,монаден,секаде поддеднакфо присутен...(деликатно)
а онтолошки,колку врсти на реалитети постојат,зависи од нивото во кое ние самите весламе.
морнарски поздраф до сите
и ви пожелувам поволен ветер
gocajaska # 16. January 2008, 15:41
традиција
нема бегање од своја кожа ...