Skip navigation.

КОРАБОТ НА ФЛЕБУР

Корабење по древноста



Група на историчари 1929 г. при истражување во архивата на Отоманската Империја во Топкапи палатата-музеј во Турција пронаоѓаат неверојатна мапа нацртана на кожа од газела..Испитувањето покажало дека мапата е оригинален документ направен 1513 г. само 21 г. по Колумбовото откритие на Америка.Ова откритие го обелоденил германскиот историчар Paul E.Kahle (Пол Кал) две години покасно на конгрес во Холандија.

Историјат


Сторијата за мапата започнува 1501 г. само 9 г. по Колумбовото прочуено откритие кога Kemal Re`is (Кемал Реис) поморски капетан на Отоманската флота заробил седум бродови во близина на Шпанскиот брег.При испитувањето на заробените морнари,Кемал Реис пронаоѓа еден морнар кој пловел на еден од Колумбовите бродови,во тој период поморските мапи биле од непроценлива вредност и строго чувана тајна,овај морнар ја поседувал мапата на Новиот Свет која ја изработил лично самиот Крстофер Колумбо.К.Реис ја запленил неговата мапа,ја чувал,а по тоа ја оставил како наледство на својот внук Piri Re`is (Пири Реис) кој исто така бил поморски офицер на Отоманската флота.
Негова страст била картографијата,а неговиот висок чин му отворал привилегиран пристап во Империјалната Боблиотека во Констанндинопол.Приказната по тоа кажува дека Пири Реис започнува да работи на новата мапа 1511 г. и бил со намера да изработи мапа која би ги обединела сите дотогашни Шпански и Португалски откритија.За изработување на таа мапа користел дваесетина различни мапи собрани во текот на неговите бројни патувања.Според неговите зборови,осум од овие мапи потекнуваат уште од врмето на Големиот Александар Македонски од IV век п.н.е. Користел и Арапска мапа на Индија,четири Португалски мапи на Кина И Индискиот Океан како и заоставшината од својот вујко,мапата на западните предели која ја составил Кристофер Колумбо.Пири Реис не го наведува потеклото на останатите мапи кои ги користел.Тој лично на мапата ги напишал коментарите кои ни говорат што точно работел со кој дел од мапата.Исто така наведува дека тој не е одговорен за оригиналното истражување и картографијата на мапата,туку дека неговата улога била да ги собере податоците од собраните мапи и да состави една на основа од податоците.



Контраверза

Мапата на Пири Реис го прикажува западниот брег на Африка,источниот брег на Јужна Америка и северниот брег на антарктикот.Мапата го прикажува брегот на Антарктикот во неверојатни детали.Една од загонетките,но не и најголема,е како Пири успеал да ја нацрта толку прецизно мапата на Антартикот цели 300 г. пред откривањето на овај континент.
Непобитни докази собрани со геолошките истражувања на овај континент дека Земјата на Кралицата Мауд последен пат била без мраз пред околу 6000 г. негде околу 4000 г. пне. Официјалната наука тврди дека ледениот покривач кој го покрива Антартикот е стар околу милион години.Мапата на Пири ни зборува дека северниот дел на Антартикот е истражен пред да биде покриен со мраз.Ова не наведува на помислата дека картата на ова подрачје е направена пред милион години,но тоа би било невозможно затоа што човековата раса не ни постоела во тоа време.Новите и многу прецизни испитувања докажувуаат дека овај дел на северниот брег од Антарктикот последен пат бил без мраз пред 6000 г. Се уште постојат несогласувања во научниот свет за тоа кога завршило последното Ледено доба и различните наводи укажуваат на период помеѓу 9000 и 13000 г. пне.
Според тоа,нај големата мистерија е, кој тогаш ја направил деталната мапа на копното на северниот брег од Антартикот пред 6000 години? Која е за нас таа непозната цивилизација која ја ја поседувала технологијата со која била во состојба успешно да го заврши ваквиот потфат?



Мапата

<- клик за голема

Добро ни е познат фактот,ако е за верување традиционалната историја,дека првата цивилизација се развила некои 3000 г. пне. на Средниот Исток,а по тоа и во долината на Инд и во Кина.
Ниедна од овие цивилизации не постоела ниту можела да ја состави ова мапа.Па кој тогаш пред 6000 г. поседувал такво знаење и технологија потребно за да се направи нешто што нас дури во денешно време ни тргнало од рака?
Низ целиот Среден век во циркулација биле поморските мапи наречени „портолани“ и тоа биле прецизни мапи на најчестите и највообичаените пловни траси на патување,а ги прикажуваа бреговите,пристаништата,мореузите,заливите,плитките подрачја и слични други податоци неопходни за успешна навигација и пловидба.Повеќето од овие патишта,како и книгата за едрењето која ја напишал Пири Реис.
Но неколку „портолан“ мапи прикажувале во тоа време и непознати пловни патишта.Наводно и К.Колумбо поседувал една таква „ специјална мапа “.
Кога Пири Реис привремено се пензионирал во Галиполе,се зафатил за во тоа време со доста тешката задача да сите мапи кои имал намера да ги користи за изработка на својата мапа да ги доведе на ист размер,а по тоа и да ја започне работата околу изработката на мапата.Вкупно потрошил три години за да ја состави својата нова мапа.Кога ја завршил,на мапата го додал и овај запис:
„Авторот на оваа мапа е скромниот Пири Хаџи Мухамед,познат како внук на Кемал Реис.Галиполе,во светиот месец Мухарем 919 година (1513 година) “
Мапата по тоа била презентирана пред Султанот Селим I кој за возврат го унапредил во Адмирал.


Делото на Пири Реис

Ова мапа не била единственото наследство на Пири за картографијата.Тој 1521 г. го пишува морнарскиот водач по брегот и островите на Медитеранот.Kitab-i Bahriye ( „Морнарска книга“ или „Морнарски прирачник“ ).
Иако никогаш не е откриено кои шест мапи Пирс ги користел,а не го навел нивното порекло,како што никогаш не се пронајдени мапите кои потекнуваат од времето на Александар Македонски, но нема никаков сомнеж дека една од користените мапи сигурно била и мапата која ја нацртал самиот К.Колумбо.
И мапата и книгата која Пири ја напишал биле без сомневање од голема вредност за Отоманската Империја.Фокусот им бил кон Шпанските и Португалските морепловци и нивните откритија.

Сторијата за Пири привршува,но не без иронија,имено книгата која Реис ја напишал била повод за неговата смрт.Во книгата тој побарува од Султанот да ги протера Португалците од Црвеното море и Голфскиот залив,и така Султанот го поставува како главен командант на флотата. 1551 г. во битката против португалците Реис ги губи повеќето свои бродови и, иако во осмата деценија од својот живот,осуден е на смрт.
До 1929 г. кога повторно е откриена,мапата била потполно заборавена,со исклучок на неколку историчари а особено Кал им посветуваат внимание на оваа мапа.
Но 1954 г. дипломецот на Хавардскиот Универзитет во Кембриџ-Масачусетс,професорот по историски науки на Keen State колеџот Dr.Charles Hapgood (Чарлс Хапгуд) им дава задача на своите студенти да по детално да ја испитаат ова мапа.После полни седум години истражување и многу отфрлени хипотези,Хапгуд издава книга.




Мапите на древните Морски Кралства

Во уводот за својата книга, Maps of the Ancient Sea Kigs, од 1979 г. Др.Хапгуд наведува:
„ Се испоставува дека прецизните податоци се пренесувани од уста до уста.Ни се чини дека картите проистекле од непозната за нас цивилизација и дека се пренесувани генерациски,и најверојатно преку Минојската култура од Крит и прку Феникиците кои низ периодот од повеќе илјади години биле нај големите морепловци на стариот свет.Ние денес имаме докази дека овие мапи биле собрани и дека се проучувале во големата Александриска Библиотека и дека географите кои таму работеле со помош на овие стари мапи правеле нови.“
Според хипотезата која ја поставил Др.Хапгуд,Пири Реис поседувал една или повеќе вакви мапи кои некогаш биле лоцирани во големата Александриска Библиотека,најважната во стариот свет (не навлегувајќи во Асурбанипаловата).
Хапгуд направил реконструкција спрема која копиите од ваквите документи како и некои оригинали се префрлени во Константинопол,денеш Истанбул..Во текот на четвртата крстоносна војна 1204 г. крстоносците успеваат да продрат во Константинопол и тогаш овие мапи почнаа да циркулираат помеѓу европските морнари.

Хапгуд продолжува да пишува:

„Повеќето од овие мапи го претставуваат Медитеранот и Црното Море,но опстанале и мапи од други подрачја.Помеѓу нив имало и мапи и од Северна и Јужна Америка,мапи на Арктикот и Антарктикот со океаните.Јасно е дека древните морепловци патувале од Северниот до Јужниот пол.Колку тоа и да звучи неверојатно,од податоците на овие мапи произлегува дека старите цивилизации го истражувале Антарктикот уште во времето кога неговиот брег не бил покриен со мраз.Исто така е јасно дека овие стари морепловци располагале со инструменти за навигација со кои можеле доста прецизно да ги одредат координатите во просторот и дека овие инструменти ја преминуваат целата технологија на Стариот и Средниот век како и она на модерните времиња се до втората половина на XVIII век...“

Овие докази за постоењето на древни напредни технологии ги поддржуваат многу други хипотези изнесувани долга низа на години кои зборуваат за стари,исчезнати и заборавени,напредни цивилизации како што се Атлантида или цивилизацијата Му.Научниците многу пати биле во состојба да ги срушат ваквите хипотези заради недостаток на докази и да прикажат како мит,но ова мапа ни пружи докази кои не можат така лесно да бидат отфрлени.Овие докази ни наложуваат да ги преиспитаме сите останати докази кои во минатото се изнесени и запоставени,во ново светло и со отворен ум“



Божјите кочии

Две години подоцна,Хапгудовата хипотеза достигнува неочекувана популарност кога излегува контраверзното хит дело по име „Chariots of the Gods?“ (Кочиите на Боговите?),прва книга на контраверзниот и прочуен автор Erich von Däniken (Ерих фон Деникен).Од многу страни не прифатен „квази научник“, но не и без поддршка од некои научници.
во оваа книга која е сепак од монументална важност,која доживеала повеќе од дваесет изданија и е продадена во повеќе милионски тираж,Деникен по прв пат ја изнесува шокантната теорија дека нашата планета во повеќе наврати низ историјата била посетувана од вонземјани.Врз основа на долгогодишни истражувања на изгубените градови,потенцијалните аеродроми и многи научни факти,Деникен тврди дека нашата цивилизација била потпомагана од суштества кои потекнуваат од некоја друга планета.Неговата најконтраверзна теорија тврди дека и ние самите сме потомци на овие „Богови“ и прикажува археолошки докази кои ја потпомогнуваат неговата теорија.
Како еден од доказите деникен ја посочува и мапата на Пири Рајс,која е,спрема Деникен,направена со помош на мапите од вонземјаните кои тие ги направиле со набљудување од воздух,паралела -денешното сателитско снимање.

Повторно проверување
1953 година еден турски поморски офицер мапата на Пири им ја доставува до Бирото за Хидрографија на американската морнарица.Бирото го повикува за пмош пензинираниот капетан Капетан на ам.морнарица Arlington H.Mallery.По долго испитување Mallery открива која метод на проекција е користен за да се направи мапата на Пири Реис.За да ја провери со која прецизност мапата е направена,направил мрежа и ја префрлил мапата на Пири на глобусот.Резултатот бил фасцинантен:мапата била неверојатно точна.Неговиот заклучок бил тоа дека единствен начин да се направи мапа како ова е со помош на фотографија од воздух-но кој бил во состојба да користи таква технологија пред 6000 години?

Наводно и Бирото за Хидрографија на ам.морнарица било запрепастено од прецизноста и деталите на мапата,со чија помош успеале и да исправат неколку грешки на денешните мапи!
Одредувањето на логитудиналните координати за изработка на Пириевата мапа побарувало користење на сферната тригонометрија која во облик со кој би оовозможила изработка на прецизна мапа не била позната се до средината на XVIII век.
Хапгуд успеал да докаже дека е изработена со геометриска метода и дека користи географски координати под прави агли распоредени во мрежа,но и дека е очигледно дека е копирана од по стара мапа кој е проектирана со помош на сферна тригонометрија.
Раните географи не само што знаеле дека Земјата тркалезна туку им бил познат и обемот на Земјата со прецизност од околу стотина километри.
Хапгуд тогаш својата колекција од стари мапи ја испратил до Richard Strachan (Ричард Стречан) кој во тоа време работел на Институтот за Технологија во државата Масачусетс,популарниот МИТ.Го замолил да процени колкаво ниво на познавање на математика било потребно за да се направат оригиналните мапи.Одговорот пристигнал 1965 г.
Стречан бил уверен дека било неопходно вонредно добро познавање на математиката,сферната тригонометрија,заобленоста на земјата како и методата на проекција.
Во писмото кое американскиот офицер и командант на единицата за извидување на ам.авијација Harold Z.Ohlmeyr кое го добил Хапгуд пишува дека Норвешко-Британско-Шведска експедиција на Антарктикот потврдува дека географските одлики на теренот од Земјата на Кралицата Мауд како што се копнената маса,брегот,реките и планинските ланци,платоата,заливите,а кои ги прикажува мапата на Пири Реис се во танчина веродостојни.Истражувачите до овие детали дојдоа со користење на сонар и сеизмичко прислушување,а самиот терен се наоѓа скоро два километри под мраз.



Патешествието на Полот

Хапгуд 1953 г. ја пишува книгата „ Earth`s shifting crust: a key to some basic problems of earth science “ ( покасно книгата го носи името „ Path of the Pole “ ) во која ја поставува теоријата која би требало да објасни од која причина Антарктикот не бил под мраз се до 4000 г. пне. Накратко Хапгуд тврди дека причината заради која Антарктикот не бил под мраз е дека бил во многу потопла положба како континент во тоа време.Тој мисли дека целиот Антарктик во тоа време се наоѓал околу 2000 км. по на север,а не на јужниот пол,и дека се наоѓал надвор од поларниот појас,во ладниот или се до умерениот температурен појас.
Причината поради која континентот,по негово мислење се придвижил на својата денешна локација треба да се бара во тн. Придвижување на Земјината кора,која детално ја опишува во својата книга „ Maps of ancient sea-kings“.
Ова теорија ја разгледувал и познатиот Алберт Ајнштајн кој покажал изненадувачки ентузијазам и интерес и за уводот на книгата „Earth`s shifting crust“ кажува:

„ Поларните регии располагаат со константни депозити на мраз кој не е симетрично распореден околу половите.Ротацијата на Земјата влијае на овие асиметрично наталожени маси и предизвикуваат центрифугален моментум кој се пренесува на крутата,не така еластична Земјина кора.Кога константното зголемување на центрифугалната сила предизвикана на овај начин ќе достигне одредена точка,целокупната Земјина кора се движи во однос на внатрешноста на планетата “.

Дали ова теорија е точна или не,мистеријата останува.
Она што не е сватливо е потполната прецизност на лонгитудиналните координати во тоа време,не само кај мапата на Пири туку и кај ред други кои им пркосат на времето.



Една од таквите мапи е и мапата Дулчерт Потолан од 1339 г. на која мрежата од паралели на Европа и Северна Африка се совршено прецизни,а меридијаните кои го пресекуваат Медитеранот и Црното Море на мапата се прикажани со отсапување од половина степен!





- Мапата која во 1532 г. ја направил Oronteus Fineus исто така е многу прецизна,и го прикажува Антарктикот без поларната капа.



Овие мапи,и ред други,како на пример Zheng He-овата мапа на светот,Pizzigano наутичката мапа од 1424 г. Cantino мапа на светот од 1502 г. Albertin Di Virga мапа на светот од 1410 г. прикажуваат географски особини на нашата планета користеќи знаењеа кои денес ги рачунаме како плодови на на новото време.
И како капак на муабетоф,за изрзботувањето на овие прецизни мапи користени се податоци превземени од постари-древни мапи кои се сигурно засекогаш изгубени по дамарите на времето.
Мапи кои припаѓаа на изгубените цивилизации?Дали ние во нашево современие само гребеме по каменот на знаењето,кој за нас несватливо,некогаш бил отворен?



- Уште по неверојатна е Зеновата мапа од 1380 г. која прикажува голема копнена маса која се протега на север се до Гренланд,а незамисливо е прецизна како за XIV век,со перфектно прорачуната координатна мрежа, и на меридијаните и паралелите.

- Мапата која ја направил турчинот Хаџи Ахмет 1559 г. го прикажува 1600 км. широкиот копнен појас кој ги поврзува Алјаска и Сибир,природен мост кој ги поврзува двата континенти,Америка и Азија,а кој е под вода од завршувањето на последното ледено доба кога нивото на водат на планетата се кренало и ова територија на мапата постанало морско дно.


Некој цело ова знаење го го преточил во мапи во време во кое ние се уште сме живееле на доста примитивен начин,и тоа така што користел само неколку преостанати парчиња кои времето не ги уништило и зафрлило,но ќе видиме дека овие мапи не се единственото знаење кое нашите прадедодовци ни ги оставиле во аманет,а ние сме заборавиле да ги користиме.

Мапата на Пири и сличните на таа најчесто се споменуваат кога се расправа за можноста дека некогаш многу наназад во времето нашата планета била населена од многу напредна цивилизација,можеби и повеќе од нашата,а која на непознат начин ја снемува од лицето на земјата и сега полека почнуваме да нагодуваме што би можело да да го предизвика тој трагичен исход.

Најстарата за нас позната цивилизација,културата на Сумерите во Месопотамија,се појавува од никаде околу 4000 г. пне. и немаат никакво поморско искуство.Но Сумерите нас со страв и почитување ни зборуваат за нивните претци кои биле „ Богови “, а ги нарекувале Нефилим.




Албум на мапи

























Кај ме носи? Cabarnet Savignon (2005) -Булевар на виното бр.1 Демир КапијаFlebmem

Comments

gocajaska 26. January 2008, 07:51

да те прашам нешто :
дали сонцето е тоа кое согорува , ако знаеш :
во вселената температурата е минус 217 целзиус
и дали можеш да испржиш кобасичка ако шпоретот ти е во кујна , а кобасиците во дневна ?

flebur 26. January 2008, 11:23

хааа,на прф поглед терс прашање
сеа се думам дали да се `запалам` или `оладам` -е ај ке палам...
ке почниме од сончевата радијација која е вкупна електромагнетска радијација која ја емитира сонцето.кратко брановата радијација е таа радијациска енергија која иди дирек од сонцето.нашава атмосвера ја пропушта краткобрановата а не ја пушта(или малку)долгобрановата радијација.
директната радијација е делот од сонч.рад. која успева негибната да се пробие до површината на земјата а дел од рад.ке биде апсорбиран од водените пари,јаглеродот4-оксид,кислородот и озонот кои апсорбираат точно одредени делој од спектарот.е ова разредена рад.се вика селективна радијација,покрај неа има и дифузна рад.....

е сеа до кај сме?како ке ги испечиме кбасити уште не е јасно.

ко шо велиш во вселената температурата е -217*
(само колку да се знае-тепературата неможи да преминува од тело на тело,туку топлината е таа која преминува)
сеа да ја ѕирниме тро орбитата на земјата,која се наоѓа во подрајче во кое е возможно (покрај чадењето на скари што е доста битен фактор)да се задржи водата во течна состојба?или сонцето да не грее.
како на пр.на другите планети каде е вечен мраз.на венера водената пареа под влијание на ултравиолетовото светло се расчинува на кислород и водород каде водородот се јонизира и под дејство на сончевиот ветер заминува од надворешните слоеви на атмосферата а кислородот се врзва со минералните споеви на површината.
на земјава за да е `идеално топло` главниот кабает го има малиот ефект на `стаклена бавча` кој ја задржува топлината во атмосферата и водата да не ни мрзне,а озонската обвивка го апсорбира поголемиот дел на ултравиолет.зрачење уште во високите слоеви на атмосферата.
а палеонтолозите велат дека во историјата на земјата се случвало да привремено го снема ефектот на стаклена бафча и дека површината се замрзнувала а тоа во долги периоди од стотици милиони год.
е ај тро и за аеоросолите-фините честички кои се битни играчи во авата затоа што некои можат да го одбиваат сончевото зрачење а некои обратно.
а да,кога вече водата не ни мрзни,тогаш големите водени површини како океаните имат голема улога во акумулирањето на огромни количини на топлина и ги одредуваат климатските промени....

значи мојш да ги испечиш кбасите во дневната а шпорето да е во кујната
-ако сето тоа се случва во стаклена бафча.

гоцејаска,да не напоменувам!
за ова борџиш една фина уба-богата скара
пијачката од мене.




flebur 27. January 2008, 08:56

аиии,се извинувам - мој пропуст
не било гоце туку гоца
но тоа не го менува погоре изнесеното околу борџот....

gocajaska 28. January 2008, 08:12

Радијација (забрзано движење на електроните во атомот ) може да се контролираат со ладење . Ако сонцето е усвитена маса нема контрола туку едно големо Чернобил . Електро брановите си имаат своја оска на движење , а светлината своја . Тесла успеал да ја свати СТОЈНИТЕ БРАНОВИ .
Твоето паѓа во вода , бидејки по наведениот процес се добива ТВРДА ВОДА отидовме јабана сите на земјава ...
По се ми изгледа дека скарата , па и пијачката ќе биде од тебе .

flebur 28. January 2008, 12:23

абе немој сеа не ме распалвај!
сеа ако почниме со теслините `харфи`,`пандорини кутии`...ами афтото шо оди `без гориво`,за телегеодинамиката.....еееее остај кај че ни биди крајо
батали све
јас давам, и едно и друго(ни прфпат ни последен)
но,на крај(по консензусот)-ти плајќаш такси

gocajaska 28. January 2008, 16:49

немој, ќе кажам уште нешто и за такси ...
поздрав ...

Anonymous 3. February 2008, 00:57

Anonymous writes:

velicestveno patuvanje so tvojot piratski brod sto mnogu ni nedostasuva vo nasite morinja :)

Anonymous 3. February 2008, 00:59

http://lotosot.blog.com.mk writes:

dopolna,
za da ne bidam anonymous de

flebur 3. February 2008, 09:28

ЗОШТО НЕ ПЛОВАМ ПО блог.цом.мк/_то МОРЕ?

лотосу,неможит-затворени приоди
и покрај сета моја добра воља,вашето/нашето море за корабо мој
не е пловно ... .........
.... абе смешни се,тесногледи,да не му речи чоек ама си го барат
-ШУТРАЦИ се невидени.

блог.цом.мк/ не толерирале: ``пренасочување на блог страницата на други домени``.... значи ако имаш и друг блог на друг блог сервис големи се шансите да ти го ``уништат`` постоечкиот кај нив.``Во такви случаи, корисничкиот акаунт може да биде суспендиран со или без предупредување.``
А тоа дека јас беф оневозможен да блогирам кај нив и пред да го отворам овај или да ``пренасочувам``било што,НЕ Е БИТНО во случајоф.
значи уште пред 1 година и повеќе, ми е даено до знаење дека не сум пожелен таму кај ниф.,, ,,,, ... ,,,
мене лично(а не сум секако осамен случај)јасно ми е каде е проблемо
и каде лежи зајако.
... ДА МИ КАЖУВА НЕКОЈ НЕДОКФАКАН ПАФТАР(од раковоството) ИЛИ КРТ ОДВНАТРЕ ВО БЛОГЕРАЈОТ ШТО ДА ПИШУВАМ,КОМЕНТИРАМ ИЛИ КАКО ДА РАЗМИСЛУВАМ??? - НЕ!

замисли овде на операва или на другите сервиси да имат такви ПЕДЕРСКИ КРИТЕРИУМИ...баш им е гајле за шо расправам јас и шо мислам за нив...

лотосу,овај коментароф испадна пост,тро преработен ќе го закачам и како такоф за некое догледно време....

во секој случај че ви идам таму тро да заталасам
сепак тоа е наше море

се читаме
поздрав.



How to use Quote function:

  1. Select some text
  2. Click on the Quote link

Write a comment

Comment
(BBcode and HTML is turned off for anonymous user comments.)

If you can't read the words, press the small reload icon.


Smilies

November 2009
M T W T F S S
October 2009December 2009
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30