СВЕТИ ТРИФУН ! СВЕТИ ВАЛЕНТИН?
Thursday, February 14, 2008 7:18:34 PM
За многу години да ни е празникот,и честита слава на оние кои го слават. Денес - 14.02. го славиме овај празник.МПЦ ни кажува вака.
Значи роден е во Фригија.Надарен од бога со необични исцелителни сили кои зрачеле од него.
Лекувал посебно душевно заболени.
Откако ја излекувал душевно растроената ќерка (опседната од нечестивиот) на царот Гордијан во Рим,бидува богато награден,но Свети Трифун веднаш богатството го разделил на сиромашните,а самиот продолжил да живее скромно во своето родно село.
Кога на власт дошол крволочниот цар Декиј кој ги прогонувал христијаните,Свети Трифун бил ѕверски мачен
и пред да му ја пресечат главата Господ ја зел душата на маченикот кај себе.Погубен е во Никеја.
Еден дел од светите мошти денес се наоѓаат во Москва во храмот посветен на Светиот маченик Трифун.
Кај православните македонци во некои краишта како Охрид,Битола,Прилеп,празникот е познат како Трипун пијаница. Според народните обичаи и верувања, тој бил покровител на меанџискиот еснаф, но и заштитник на градинарите и лозарите,. Се верувало дека тој ги штити лозјата и градините од разни штети и несреќи,поради што луѓето го славеле и во негова чест изведувале многу интересни обичаи. Обично рано наутро во црквата крштевале „Трипунска вода“ од која потоа земале во шишиња и ја чувале во текот на целата година за здравје. Со оваа вода ги прскале лозјата и нивите за бериќет или во случаи кога ќе се појавела некоја болест по нивите. По завршувањето на службата во црквата, целиот народ заедно со попот оделе во полето, каде што во некои лозја по читањето на молитвите попот го попрскува лозјето со светената вода и закројувал три лози, со благословот „Дај боже бериќет“, а пресечените лози ги потурале со вино и ракија.
За Св.Трифун постои и една злонамерна и измислена легенда дека тој бил убиец,имено имал убиено 99 луѓе и дека гревовите ги избришал баш со убиството на стотиот човек-легендата за бостанот што го одгледувал и бришењето на гревовите негови дека ќе се случат кога ќе пролиста отсеченото врбово дрво....
Св.Валентин - католички празник - ден на заљубените
Преданието за вистинското порекло за денот на Валентин,познат како ден на заљубените ,кога се практикува обичајот на разменување на љубовни пораки и поклони,потекнува од стариот Рим.Паганите во Рим со векови пред Христос го славеле 15.Февруари,а на 14.Февруари се одржувал разблуден идолопоклонички фестивал во чест на Луперкус - ловец на волци(обично прикажан полугол,облечен во јарешка кожа).Римјаните тој празник го нарекувале Луперкалија..Исто така,имаа обичај да си разменуваат љубовни пораки и на коцка-неодредено склопувале ``озбилни врски`` во кои обично доаѓало до сексуални баханалии.
Откако Константин го направил христијанството официјална религија во Римското Царство,црквените кругови го разгледуваа евентуалното укинување на тој пагански обичај.Но Римјаните не сакале ни да чујат за таа варијанта.Склопен е компромис да остане празникот,но да се исфрлат од него простачките и блудните обреди.Тој празник не постанал ``христијански обичај`` се до доајѓањето на папата Галасија на власт.Веќе 496.година овај папа го менува денот за одржување на Луперкалија и наместо 15.Февруари воведува тој празник да се прославува на денот на Свети Валентин,14.Февруари-бискуп и маченик,погубен 269.година.Во 15.век овај светец се поврзува со денот на заљубените,каде католичката црква го препорачува денот на Св.Валентин како ден погоден за венчавки,по божичните празници, кога за време на тие празнувања тоа не е умесно.......
Луперкус е тоа што Грците го нарекуваат Пан,додека Семитите Вал-често се среќава во библијата,претставува во стварност само друго име за -Нимрод,кој во библијата е опишан како ``добар ловец``.
Но Нимрод е многу покомплексна појава.....
Бујрууум! повелете тука срценца,плишани медвједичи,зајчина-шајчиња-пајчиња,парфеми,дијамантцки прстени
а подтезга за сељаци имаме и вино и ракија
ексик,заборајф на љубената да му купам поклон,па сега ке мора на име кај Трифко комшијата да ојме


gocajaska # Sunday, February 17, 2008 7:56:25 PM