Бугарска историја 1
Tuesday, September 8, 2009 6:33:08 PM
Иако ние едвај си ја познаваме сопствената историја за нас е неопходно да ја познаваме историјата на соседите. На тој начин најмногу ќе се приближиме кон себе, кон сопствениот корен и кон вистината. Треба да ги согледаме нелогичностите, да бидеме објективни колку што можеме (зашто секој повеќе или помалку е субјективен). Но никако не смееме да дозволуваме некој да ни го сервира она што му одговара, а ние од незнаење да го прифаќаме како вистинито. Најодвратно се чувствувам кога читам за обединување. Бугарите, исто како Грците не сакаат да не освојат, тие само „сакаат да не обединат со нив“!!! А какво е тоа обединување кога еден од обединувачите не сака ни да слушне, а камоли да се сложи?
Ќе започнам со бугарската историја, особено оној дел кога се создала бугарската нација. Затоа одвојте 10 минути да ја прочитате накратко бугарската историја (од бугарски извори) и така ќе можете подготвени да полемизирате.
Прв дел - создавање на Стара Велика Бугарија (632-680)
Стара Велика Бугарија е создадена 632 година од владетелот Кубрат (од родот Дуло). Ја опфаќала широката територија северно од Црното Море, односно меѓу Кафказ, Волга и Карпатите.

Траела триесетина години, а Кубрат им оставил аманет на трите сина да не го делат царството. Најстариот, Батбајан го презема престолот, а другите двајца тргнуваат по сопствени патишта. Котраг оди кон север каде ја основа Волговска Бугарија, а Аспарух кон запад, кон делтата на Дунав, каде ја основа Дунавска Бугарија.
Првите бугарски владетели се со титулата кан (хан- за да биде јасно потеклото на титулата хан) - карактеристична за старите Бугари кои се од татаро-монголско потекло. (Листа на бугарски канови)
Втор дел - Првото Бугарско Царство (680-971)
Основач на Првото Бугарско Царство е канот Аспарух. Тој по распаѓањето на Стара Велика Бугарија дел од старите прабугарски племиња ги доведува на територијата од денешна Бесарабија и Добруџа. Води војни со хазарите на исток, но не успева да ги задржи териториите на Волговска Бугарија. Затоа се насочува кон југ каде потчинува дел од словенските племиња. Син му, канот Тервел, воспоставил дипломатски односи со Византија и бидејќи му помогнал на Јустинијан Втори да го задржи престолот, тој му ја дал богатата област Загоре. (Бугарите, со нивните добро познати „факти“ го форсираат Кубер (или бугарски) кој избегал и се населил во близината на Прилеп и таму создал некаква „Куберова Бугарија“ која никаде во историјата - освен бугарската, не е запишано. И од тука им поаѓа тезата дека на територијата на Македонија отсекогаш живееле древните Бугари кои требале да се обединат со Дунавска Бугарија, а и ден-денес тоа обединување никако да им се оствари).
По Тервел кановите често се менувале (поради превласт и интриги) и царството почнало да пропаѓа до доаѓањето на канот Крум.
Во 808 година канот Крум оди на поход кон југ. Во 809 година ја зазема важната тврдина Средец (денешна Софија). Се обидува да воспостави мир со Византија, но тогашниот император Никифор Први, ја освојува бугарската престолнина Плиска, седиштето на бугарските канови ја опожарува и целосно ја уништува. Крум за освета ја собира целата своја војска и оди на Врбишкиот поход. Настанало страшно колење, каде освен Никифор Први, византискиот император, убиени се и сите угледни византиски христијани. Крум од черепот на Никифор направил чаша обложена со сребро (што според Бугарите не е варварски чин туку мила скитска традиција).
Здобивајќи се со воен углед, а и предизвикувајќи страв кај месното население, тој лесно освојувал територии населени со Словени кон југ. Тогаш воспоставил цврста држава со строги закони не правејќи разлика меѓу Прабугарите и Словените - односно сите ги направил Бугари (впрочем како и денес - сите што живеат во Бугарија се Бугари!).
Неговиот син, Омуртаг, склучил триесетгодишен мировен договор со Византија, а неговите наследници, Маламир и Пресијан, кои владееле од 831 до 852 година продолжиле со ширењето кон југ и југозапад кога кон Бугарија ги присоединуваат Егејска Тракија и дел од Македонија.
Канот Борис (на линкот се гледа колку самите великобугари како создавачот на овој сајт се на мојата линија на размислување, а потоа си вртат на друга страна без аргументи. Прво Борис е предавник, а потоа основач на бугарската нација. Не се нервирајте при стискањето на македонскиот превод на сајтот), значи Борис, имал потешкотии со зачувувањето на териториите и војувал на југ со Византија, односно со Брегалничката тема каде управител бил Методиј (братот на Кирил - во време на создавањето на глаголицата) и на север со Германските Кралства. За време на Моравската мисија (ширење на христијанството меѓу Словените на словенски јазик и на глаголица) организирана од Византија,а под раководство на Кирил и Методиј, Борис, за да го зачува престолот прифаќа во Бугарија официјален јазик да стане словенскиот и целото население да се христијанизира. Како реакција на оваа негова одлука се крева бунт и 52 аристократски рода (семејства) тргаат кон престолнината. Но Борис немилосрдно ги убива! Всушност ја уништува речиси целата стара бугарска (прабугарска, од несловенски род) аристократија. Самиот тој се покрстува и ја прима титулата кнез и името на неговиот кум, Михаил и се повлекува во манастир. За наследник го назначува синот Расате - Владимир кој сакал да ја врати старата вера и јазик. За казна, Борис го ослепел и го фрлил во затвор. За нов кнез е избран Симеон (893), а престолнината од Плиска е префрлена во Преслав (населен со Словени каде имало помалку опасности од бунтови на старобугарите).
Симеон продолжува со воведувањето на словенството и христијанизацијата како и со ширењето на териториите на Бугарија кон југ.
Ја освојува територијата на денешна Албанија, голем дел од Грција и стигнува речиси до Константинопол (Исанбул). Пред смртта се прогласува за цар на сите Бугари и Ромеи (денешно Грци).
По неговата смрт (927) на престолот седнува син му Петар Први кој склучува мир со Византија која му ја признава царската титула и патријаршијата на Бугарската црква. Но, во државата настанува политичка криза зарди нападите од север (од Руси и Маџари-Унгарци) и христијанска, кога се појавуваат т.н. ереси, како што е богомилството. По смртта на Петар (969) царството западнало во криза, се смениле неколку цареви, но Византија ги завладеала цела Тракија и Мизија, како и престолнината Преслав, а на север териториите ги освојувале Русите. 971 година круната на Борис Втори му била одземена од Византија. Со ова престанало да постои Бугарското Царство!!!
Според историскиот извор кои Бугарите го наведуваат, византискиот хроничар, Јоан Скилица рекол: комитопулите Никола и синовите Давид, Мојсеј, Арон и Самоил „си играле востание и внесувале збрка во Бугарското Царство“ - недвојбено е јасно дека тие биле против Царството. Сепак, според нив Самоил е продолжувач на Бугарското Царство кој за цар се прогласил 997, а за престолнина го избрал Охрид. Тој не бил од традиционалниот род на бугарските канови (не бил Бугарин), туку бил од династијата на комитопулите (децата на комитите)!
За овој период од историјата од сето што си го кажуваат самите Бугари недвосмислено може да кажеме дека:
1. Византија го наметнала словенството во новата бугарска држава,
2. го сменила јазикот,
3. ја сменила верата,
4. го сменила народот - се измешале прабугарите со Словените (и сите станале Бугари).
5. тие од старата територија го донеле само името, а целокупната култура (со извесни остатоци од прабугарската) ја презеле од староседелците.
Па, според тоа, какви Бугари се - Кирил и Методиј, Климент, Наум и останатите? - тие се само жители на освоена територија во временски период од осумдесетина години. И тие години им даваат за право на Бугарите да се сметаат за основачи на словенството, а бугарскиот јазик да го сметаат и наметнуваат за основа на сите словенски јазици? Многу смешно! Само не ми е јасно кој бугарски јазик? Прабугарскиот или јазикот на македонските словени кои кратко време биле под нивна окупација?
(Пасусов се наоѓа на претходниот линк - А следователно почти всичко специфично българско онова, по което нашият народ се отличава от другите народи, е дошло от изток и е донесено от древните българи - изселниците от Памир и Хиндукуш. Българинът е българин, затова, защото в него се е вляла и кръвта и говорът на древните българи. Той е наследил от тях не само тяхното име, но и най-важните особености на техния език. И българинът никога няма да опознае себе си, докато не се обърне към старинните думи, донесени откъм Памир и Кавказ. В тях е скрита тайната на неговия произход, неговата най-съкровена и свещена отлика от останалите народи.)

gocajaska # Monday, June 22, 2009 1:46:27 AM
... поздрав до тебе