Бугарска историја 2
Tuesday, September 8, 2009 6:35:25 PM
Трет дел - Втора Бугарска Држава (1185-1396)
Втората Бугарска Држава е феудална држава создадена по востанието на Асен и Теодор (Петар) против Византија. Тодор (Теодор) се прогласува за цар 1185 година, и се преименува во Петар за да го нагласи продолжувањето на Првата Бугарска Држава. По него власта ја презема брат му Иван Асен Први кој е убиен во заговор 1197.
Царот Калојан (1197 - 1207) е најмалиот од тројцата браќа кој успеал да ги истера Унгарците од североисточна Бугарија и во 1202 година воспоставил мир со Цариград. И него го убиваат во заговор, а престолот го презема Царот Борил. Еве што вели нашиот историчар Александар Донски за сличностите на македонскиот и бугарскиот народ и за владеењето на Калојан:
КАЛОЈАН ЈА УНИШТУВА МАКЕДОНИЈА
Овде сами по себе се поставуваат прашањата: чија земја уништувал суровиот Бугаро-азијат (со крстено име) Симеон и чии жени силувале припадниците на неговите војски? Зарем тие си ги силувале сопствените ,,сонароднички" во колку наводно ние Македонците сме биле етнички Бугаро-азијати? Тоа ли е ,,најромантичниот период" од бугарската историја? Нека размислат за ова големобугарските пропагандисти, но и нашите одродени јаничари.
За разурнувањата на бугарски цар Калојан (кој од Византијците бил наречен Скили-Јован, што значи Куче-Јован) во Македонија, македонскиот средовековен писател Владислав Граматик (кој живеел во Рилскиот манастир) напишал:
"Тој Калојан за време на секое враќање од борбите што ги водеше против Ромеите, ја пустошеше македонската земја и извршуваше многу жестокости врз населението. Засолништата им ги рушеше до темел, а многу народ одведе во пленство и го пресели преку Дунав."
Овој документ е објавен во бугарска книга (Петар Ников: Материали за средновековната истори® на БÍлгари® - ПСп, кн. 55-56, с. 250), а од него гледаме дека бугарскиот цар Калојан не го заборавил стариот азијатски обичај да плени народ и да ги води плениците далеку од своите родни огништа.
За несреќите што бугарскиот цар Калојан им ги нанесол на Македонците потресни сведоштва дал и византискиот писател Никита Хонијат:
"Најправилно би било да се каже дека никогаш досега човечко око не е видело, ниту човечко уво не е слушнало, ниту пак такво нешто е дошло до човековото срце, како што беше тоа што Куманите и Бугарите го направија за време на нивните налети. Големите, познати и дотогаш многунаселени градови, прекрасните села околу нив, уредно обработените полиња и ливади, цветните градини, кои изобилуваа со плодови поради нивното напојување од околните рекички, високите дворци, преубавите уметнички соѕидани и насликани со разни бои палати, удобните бањи, натежнатите од плодови лозја, обилните со жетва ниви и илјадници други предмети, кои се производ на различни сезони, кои ја радуваат земјата и кои го прават нашиот живот во неа пријатен, сладок и посакуван - сето тоа, откако населението беше истребено, стана живеалиште на ежови и на диви животни. Ако некој можеше да фрли само еден поглед на сето тоа - исполнет со болка - ќе се удреше во градите и со солзи во очите ќе кажеше дека го видел рушењето на вселената... Во мојот јазик не постојат такви изрази, кои ќе бидат доволни за детално и целосно набројување на сите тие многубројни злодела."
И ова потресно сведоштво за уништувањето на македонската земја, македонскиот народ и македонската култура од страна на бугарскиот цар Калојан доволно зборува за тоа колку ние Македонците и Бугарите сме биле ,,еден народ."
За пустошењата на цар Калојан во Македонија, постои и сведоштво, од Дејанијата на Свети Димитрија, објавено во книгата Христоматија по историја на Бугарија (Софија, 1964), каде,на стр. 273,пишува :
"Тогаш владетел на Бугарите бил Калојан... Тој,откако ја пребродил цела Македонија, ги опустошил сите области, до темел ги срушил основните крепости, пљачкосувал и го испустил и преселил целото население покрај брегот на реката Дунав - со еден збор, го престорил во пустина секое место што го нападнал. Потоа тој незадржливо се упатил против Солун, заедно со својата војска, која била побројна и од морскиот песок и која се состоела од: Бугари, Кумани, Татари, Хазари..."
По десетгодишно прогонство синот на Иван Асен Први се враќа за да си го земе она што му следува. По седуммесечна опсада на Трново (тогашната престолнина) Иван Асен Втори успева да го преземе престолот од царот Борил. Во негово време (1218-1241) Бугарското Царство доживува подем кога се проширува и ги освојува Белградската и Браничевската област, а заради мир со Унгарците тој се жени со Ана-Марија, ќерка на унгарскиот крал Андраш Втори.
По смртта на Иван Асен Втори, царството почнува да назадува поради недостаток на силен владетел и поради постојаниот притисок од Србија и Унгарија. Територијата на Бугарија видно се намалува во периодот на владеењето на Иван Александар Четврти (1331-1371) за на крајот тој да го подели царството на два дела, на своите два сина: Иван Шишман (Трновско Царство) и Иван С(т)рацимир (Видинско Царство). Тие двајцата се последните бугарски владетели пред потпаѓањето под Османлиската Империја во 1396 (а според некои бугарски извори траело до 1422 - ама не можев да најдам кое е тоа траење; веројатно нешто слично како Самоил, само негде зад Карпатите, бидејќи Бугарија е голема та дури крајот не можеме да им го фатиме - на која Бугарија мислат).
Во овој период од бугарската историја, македонската територија и народот кој живеел на неа бил покоруван и опустошуван 40-тина години (или спорд моите пресметки ни половина ден). И јас навистина со ништо од оваа историја не можам да се поистоветам. Ниту Асен, ниту Калојан, ниту Шишман, ни Страцимир ми се блиски, ни според она што го направиле, ниту според името што го носат. Ваквите имиња си имаат традиција во Бугарија, но во Македонија тие не се вообичаени.
П.С. Откако го напишав текстов ги прочитав сите текстови на Македонска историја блогот. (Претходно го имав прочитано само текстот за името Бугари, а и вам ви препорачувам да ги прочитате). Тогаш сфатив дека ова што го пишувам не е откривање на топла вода, и дека освен на Донски истомисленик сум и на многу други луѓе. За жал, тие не ме опкружуваат па затоа сум немала таков впечаток. Му симнувам капа на авторот на блогот, само не можам да се помирам со називот МАКЕДОНЧЕ (опишан во еден од моите претходни постови). Тие текстови се дефинитивно на некое МАКЕДОНЧИШТЕ. А и убаво би било авторот да не е анонимен, зашто од што и од кого треба уште да се криеме???
Да живее Македонија!