My Opera is closing 3rd of March

iskonski

makedonizam

Бугарска историја 3

,

Како и целиот Балкан, така и Бугарија долги години (векови) била во составот на Османлиската Империја, односно, од 1396 до 1878 година.
До 1878 година Бугарија спаѓала во Отоманската провинција Румелија. Таа година Русија, под изговор дека сака да ги ослободи своите словенски браќа, а всушност сакајќи да создаде свој сателит на Балканот, решава да направи голема бугарска држава. Во десеттата Руско-турска војна (1877-1878) ја освојуваат Софија и во Сан Стефано на 3.3. 1878 се потпишува договор меѓу Русија и Турција каде е создадена Голема Бугарија која ја опфаќала територијата на Македонија, Мизија, Тракија и Добруџа.

На Британската Империја, а и на соседните држави (Србија и Грција) не им се допаднала таква голема балканска држава, па на Берлинскиот конгрес во јуни/јули истата година е одлучено Македонија и Тракија да останат во Османлиското Царство, а јужниот дел од Бугарија, Источна Румелија, под османлиска управа. (Бугарите уште го живеат овој тримесечен сон што им го овозможи тогаш мајка- Русија и во сите нивни истории на преден план е Сан-Стефанска Бугарија за која се уште се борат).
На овој начин е создадена т.н. Третата Бугарска држава.

Бугарска историја 2Бугарска историја 4

Write a comment

New comments have been disabled for this post.