Бугарска историја 4
Monday, September 21, 2009 10:33:52 PM
Големите сили за кнез на Кнежеството Бугарија (Третата Бугарска Држава) го поставуваат Германецот Александар Први Батенберг.
Стремежот на Бугарија за ширење на границите продолжува и понатаму. Она што го добила од Русија со Сан-Стефанскиот договор, таа и ден-денес го бара.
Бидејќи во меѓувреме и Србија станала самостојно кнежество, приоритет им било да си ја решат меѓусебната граница. Така започнува Бугарско-српската војна, а завршува со Букурешкиот договор од 1886 со непроменување на границите без разлика на исходот од воените дејствија и со придобивка за Бугарија - своеволно приклучување на Источна Румелија (всушност со поддршка на Русија).
1887 кнез на Бугарија станува Фернинанд Први Сакс-Кобург-Готски (кој изиграл голема улога во распарчувањето на Македонија).
1908 година, откако Австро-Унгарија ја анектирала Босна и Херцеговина, Русија ја поддржала Бугарија која сега вистински ја добила својата независност (и признавање на анектираната територија на Источна Румелија), а титулата на Фернинанд од кнез била променета во цар. Така настанало Царството Бугарија.
Во ова време (па и ден-денес) Балканот бил (и е) европска (и светска) кројачка работилница. Големите сили (Русија, Британската Империја, Франција, Австро-Унгарија) кроеле, а малите мајсторчиња (Бугарија, Србија, Грција, Црна Гора) шиеле.
Шиењето и крпењето на Балканот доживува врв за време на Балканските војни.
Всушност, Првата Балканска војна била за да се расчисти теренот од остатоците на Османлиската Империја и затоа во неа се здружиле Србија, Бугарија, Грција и Црна Гора (Македонците се бореле претежно од страната на Бугарија зашто тие ветувале автономија за Македонија). Војната завршува со Лондонскиот мировен договор во кој Македонија и Албанија требале да добијат автономии под управителство на Турција.

Незадоволни со ваквиот исход, практично недобивајќи нови територии, балканските држави само по еден месец (1913 г.) ја започнуваат Втората Балканска војна. Всушност, војната се водела меѓу Бугарија од една страна и сите други (Србија, Црна Гора, Грција, Романија, Турција) од друга страна. Бугарија очекувала, како и до тогаш, помош од Русија, но овојпат мајка-Русија ги посинува Србија и Грција.
Војната завршува со Букурешкиот мировен договор (кога за првпат од светските карти е избришана Македонија).
Следуваат Првата и Втората светска војна во кои Бугарија е секогаш на поразената страна.
Во Првата светска војна (1914-1918) Бугарија е на страната на Централните сили со Австро-Унгарија, Германија и Турција, а против Србија, Русија, Франција, Велика Британија (и многу други помали).
Во Втората светска војна(1941-1945) Бугарија е на страната на Германија, Италија, Јапонија, Унгарија, Романија и др. За време на војната, додека сојузниците победуваат Бугарија повторно доаѓа до територијата на посакуваната Санстефанска Бугарија.
По Втората светска војна, границите на Бугарија се исти како денешните, само доживува внатрешни политички промени. Од 1945 г. до 1989г. таа е Народна Република Бугарија, а од 1989г. Република Бугарија.



