My Opera is closing 3rd of March

iskonski

makedonizam

Грчка Империја (Greek Empire)

,

Вака во Википедија (и во науката) е дефиниран поимот империја и империјализам:
Империјализам претставува стремеж за господарење над други народи, освојување и подјармување на други земји. Тоа е политичко однесување на една држава, кое претставува начин на вршење контрола или влијание врз странски ентитет со намера да се придобие или одржува како империја. Ова може да се врши преку директно територијално освојување или населување, или пак, преку индиректни методи на влијание врз политиката и економијата на одредени области.

Ако побарате на Википедија нешто за Грчката Империја, ќе го најдете следното:
Greek Empire can refer to the following (Грчка Империја „може“ да се однесува на следното):
- Македонска Империја (што се однесува на Империјата на Александар Македонски), и
- Атинска Империја.

Таму не се ни спомнува дека денес (според дефиницијата) всушност Грција е Империја. Таа ги има присвоено териториите на Епирците, Тесалијците, Тракијците и половина територија на Македонците:


Ние уште и сме имале среќа што сме опстојале како народ (на скратена територија, но сепак!). Но, денес веќе не постојат Епирци, Тесалијци и Траки, а постоеле со милениуми.

Кога ги прашувам децата во училиште зошто не сакаат историја, ми велат: досадно е, тоа е нешто што поминало.
Тоа не е точно! Историјата е постојаност; таа трае, трае и трае...

Бугарска историја 4Јазикот - нација 1

Write a comment

New comments have been disabled for this post.