Јазикот - нација 1
Wednesday, September 23, 2009 7:55:04 PM
Главно обележје на една нација, покрај заедничките обичаи и традиција е јазикот. Националните држави на Балканот се оформени во втората половина на 19. век. Во напорите да се создаде и Македонска држава тогаш, освен самите Македонци, никој немал интерес. Големите сили си оформувале свои државички со кои лесно манипулирале (и манипулираат). Ниедна од нив не застанала зад формирањето на Македонија. Целта била, и е, таа да не постои.
Соседните држави со добивањето независност ги официјализираат своите јазици. Но потеклото, развојот и кодификацијата се случувале многу пред тоа.
Сите словенски јазици потекнуваат од прасловенски јазик кој со тек на време на различни територии си добивал свои карактеристики. Овие во науката се наречени редакции или варијанти, но за да сфатиме за што станува збор, можеме да ги наречеме и различни дијалекти на словенскиот јазик.
Последниве години, почнувајќи од распадот на СФРЈ па до денес, интересно е раздвојувањето на некогашниот српско-хрватски јазик. Од еден, денес имаме четири: хрватски, српски, босански, црногорски. Официјализирањето и посебноста на овие навистина многу блиски јазици никој не им ја оспорува.
Но, затоа македонскиот јазик се уште е оспоруван и тоа се разбира од Бугарија. Јазикот е основата од која тргнува негирањето на Бугарија за Македонците. Поточно, тие велат дека не постои одделен македонски јазик, дека е тоа дијалект на бугарскиот - и следствено на тоа - не постои ни одделна македонска нација. Нивната експанзионистичка политика не е завршена. Нивната цел е кога-тогаш кон својата територија да ја припојат и територијата на „братскиот“ народ каде се говори бугарски дијалект.
Ужасно навредува нивниот омаловажувачки однос кон Македонците. Секогаш со потсмев (како кон мало неуко дете), секогаш со истата теза: дека ние сме непросветлени и несвесни Бугари, и дека јазикот кој го говориме е бугарски.