Јазикот - нација 2
Wednesday, September 23, 2009 8:38:50 PM
Цел век и повеќе Бугарија се труди (со помош на Русија и другите светски сили) да ја тера водата на своја воденица, да ја пишуваат историјата како што им одговара за постигнување на крајната цел.
Анализирајќи го нивното гледиште за историјата на бугарскиот јазик можам да заклучам дека во најмала рака е смешно и не верувам дека некој сериозен научник тоа може да го прифати.
Имено:
1. Почетоците на бугарскиот јазик (како словенски) го лоцираат во 9. век, односно во Охридската книжевна школа. Тоа и не е далеку од вистината, но претенциозен е нивниот усилен труд тој јазик да го наречат старобугарски и ваквиот назив да го наметнат во светски рамки.
Зошто е ова смешно? Да се вратиме на бугарската историја од овој период. Канот Борис освојува дел од териториите на Македонија од Византија и за да ги зачува новите територии населени со словени тој го воведува словенскиот јазик за службен, кој самиот тој не го знаел доволно. Што значи, Охрид бил штотуку освоен. Во новосоздаденото бугарско средновековно царство центар на културата станува град кој се наоѓал на неговата најоддалечена западна граница??? И да повториме Кирил и Методиј биле од Солун, а во мисија ги испраќа Византија, односно Василиј Втори Македонецот (или Бугароубиецот - како сакате). Не сфаќам од каде ги црпат Бугарите своите убедувања дека Кирил и Методиј се Бугари???
Понатаму, Бугарите пишуваат илјадници страници за да ја направат оваа приказна вистинита - дека центарот на бугарштината е штотуку освоен град каде се говорел јазик кој немал никаква врска со прабугарскиот (да, вистина е ова, само јазикот не е старобугарски - туку е јазик кој го говореле луѓето во Македонија кој не мора да го наречеме старомакедонски, нека биде старословенски, ама никако не е старобугарски). Илјадници страници, илјадници зборови, а ниту еден вистински аргумент. Си го образложуваат тие континуитетот на јазикот со приказни инзистирајќи овие писмени почетоци да се нарекуваат старобугарски.
(Сепак, во светот не е прифатен терминот старобугарски.) Овој термин е форсиран од германски лингвисти од втората половина на 19. век. Во врска со ова не треба да заборавиме дека на тогаш оформента Бугарија од страна на Русија (1878) и ставаат кнез - Германец Александар Први Батенберг. На тој начин се продлабочуваат бугарско-германските врски и на тој начин настанува германскиот термин Altbulgarisch („старобугарски“).
Освен што не е реален, според светските лингвисти терминот „старобугарски“ може да предизвика забуни и да се поврзе со јазикот на старите Бугари (на Аспарух) кој немал никаква врска со словенскиот (тој е од турското семејство јазици). Но, за Бугарите тоа не е никаква пречка бидејќи јазикот на Аспарух се нарекува прабугарски, а „новиот“ словенски е старобугарски. Јасно? Појасно не може да биде! Тоа е „континуитетот“ на Бугарите!
1. прабугарскиот - од турско семејство (не е ни од индоевропското семејство!) на кој се „надоврзува“ 2. старобугарскиот од словенско (индоевропско семејство)! хахахаха!