My Opera is closing 3rd of March

iskonski

makedonizam

Доста е!

, , ,

Разгледувајќи го начинот на кој Бугарите си го објаснуваат потеклото на својот јазик, на својот народ ??? - сфаќам дека тие имаат голем проблем во своето СЕБЕПРОНАОЃАЊЕ!
Тие ги негираат Македонците за да си го докажат сопственото постоење. Многу слично како Грците. Значи, ако признаат дека тие биле окупатори на домородното македонско население за кое признаваат дека било помногубројно, кои се тогаш Бугарите? Затоа едноставно го преименуваат населението во Бугари - и ја завршуваат работата! За да биде нивната приказна пореална мора и домородниот јазик да го наречат старобугарски (иако нема логика).
Што е лошо и нереално во овие нивни приказни?
Одговорот е многу прост: НИЕ!
НИЕ -МАКЕДОНЦИТЕ!
И после толку векови на нивна негација, асимилација, притисок, сепак постоиме - НИЕ!
Кога не сте успеале додека во светот се уште се било матно, кога немало Обединети нации, кога немало Суд за човекови права, кога немало толку средства за брзо информирање - сега немате шанси!
НИЕ постоиме, а вие ќе мора да се помирите со тоа.
Како ќе се себепронајдете и себедокажете, како ќе си ја кроите вашата историја - тоа е ваш проблем. Светот не е слеп, ниту глув, ниту глуп. Вистината излегува на виделина и таа никогаш не може сосема да се закопа, запали и уништи!
Глупаво е што заведени од соседскиот начин, ние ја играме нивната игра и се обидуваме да докажеме дека постоиме. Се обидуваме да се одбраниме. Само плачеме и се жалиме над нашата судбина!
Доста е!
Навистина со векови се наѓаме во незавидна ситуација, но не мислите ли дека и ние по малку сме виновни?
Наместо да се гордееме со ова што сме, да направиме се што може да ни напредува ова парче земја кое едвај сме го задржале - ние плачеме, се повлекуваме и само се жалиме!
Доста е!

Јазикот - нација 2За мермерната плоча од Авганистан

Write a comment

New comments have been disabled for this post.