My Opera is closing 3rd of March

iskonski

makedonizam

Subscribe to RSS feed

Наставката -ија

Читајќи историски текстови и книги, често разгледувајќи стари и понови мапи ми падна во очи едно нешто.
Пред создавањето на Македонската Империја името на територијата е Македон. Кога се создава државата - таа станува Македонија. Што значи, со додавање на наставката -ија се добива името на државата.
Како најстари називи на блиските територии се среќаваат: Епир, Илирија, Пајонија, Тесалија, Тракија, Мизија, Лидија, Јонија, Фригија, а полуостровите и островите имаат сосема различна наставка: Пелопонес, Тасос, Лемброс, Имброс, Лезбос, Хиос итн.
Подоцна во зависност од влијанието (грчко, римско) териториите стануваат: Epirus, Illirys, Thrace, Thesaly итн., но останува Macedonia.
Ако ги погледнеме имињата на денешните држави (како самите си се викаат) ќе забележиме дека речиси кај сите словенски држави наставката - ија е многу продуктивна (Русија, Бугарија, Србија, Словенија, Белорусија, Словакија), па така ги транскрибираат и другите држави (Франција, Германија, Унгарија, Романија, Англија итн).
Дали ова значи дека наставката -ија е типично словенска?