My Opera is closing 3rd of March

iskonski

makedonizam

Во Грција на одмор?


Последниве денови актуелна е темата годишен одмор, па затоа ќе направам мала дигресија од темата на блогов (но сепак поврзана со моето чувство). Значи, многу пари се нема, па затоа сите гледаат да одат на одмор некаде поблиску и да поминат поефтино. Лани, патриотите не отидоа во Грција, а оваа година патриотизмот им стивнува па се почесто слушам како луѓето се подготвуваат за одмор на „наше море“. Називот „наше море“ им служи за прочистување на совеста. Вториот прочистувач на совест е дека ни е неопходно море, а особено на децата, па затоа мора да се оди кај нашиот јужен сосед. Моите блиски се трудат да се оправдаат пред мене што решиле да одат таму на одмор. Ви кажувам јавно - пред мене не мора да се правдате. Ваша си е одлуката што ќе правите со вас и со вашата совест. Јас можам да кажам само за мене - НЕМА ДА ОДАМ КАЈ НЈС!!!
Еве зошто:
Не сакам да се понижувам молејќи за виза која скапо се плаќа, а да ме гледаат како државен непријател број 1!
Не сакам да се понижувам на граница каде секогаш е неизвесно што може да ми се случи!
Не сакам да се понижувам и да замижам пред фактот дека секој тамошен жител ме гледа како „ФИРОМАНИЈАНКА“ , „Манкидонијанка“ или „Скопијанка“!
Не сакам да се понижувам и да им ги дадам крваво спечалените и штедени пари од цела година токму на нив!
Навистина, ќе си речеме дека сето ова е политика и дека нема врска со обичните луѓе, ама моето искуство го кажува спротивното.
Не можам да заборавам дека еднаш поодамна ќе се онесвестев чекајќи за виза пред грчката амбасада, а кога конечно влегов внатре (иако бев пристојна девојка од дваесетина години) службениците беа одвратно нељубезни и се однесуваа кон мене како со последен клошар. Внатре ми се врати несвестицата, ми клецкаа коленцата, а службеникот ми викаше: „аде, не глума, дај документи или те вратам назад во ред“. Се прашував дали сум во филмот „Црно семе“ или во Скопје на крајот од 80-тите. Тоа беше моето прво и последно вадење виза.
Подоцна, во 90-тите, кога децата ми беа речиси бебиња три години одевме таму на одмор. Апартманот кој го изнајмувавме беше на Македонци кои се плашеа (за жал и срамеа) од своето потекло. Во куќата на горниот кат имаше една стара баба. Еднаш газдите не викнаа на кафе горе. Бабата само седеше и слушаше. Не поттикнуваа да зборуваме меѓу себе. Всушност бабата сакала да слушне малку од својот роден говор, а никој да не дознае за тоа. Од нејзините деца и внуци никој не знаеше македонски. Тие три години си носевме се од дома (храна, пијалаци) за да не ги трошиме парите таму, а со ретките луѓе што се среќававме дијалогот редовно беше на расипан англиски: „Од каде сте?“ - „Од Македонија“ - „Аааааа, Скопја!“ - „Не, од Македонија“ - а потоа итрите трговци не ја продолжуваа полемиката туку само цинично ќе не погледнеа климајќи со главата.
Политиката кај Македонците има влијание, но сепак, човечноста, широкогледоста, попустливоста и простувањето се на преден план. Тоа кај НЈС не е така. Тие не мразат и презираат од дното на душата. Таа омраза се влече уште од антиката. Таа омраза се чита во сите грчки очи (со ретки исклучоци). Не би можела да одам на одмор некаде каде ме мразат, каде ме презираат, каде ме негираат и каде ме кочат да бидам она што сум!!!
Не, не ве обвинувам сите оние кои си наоѓате оправдување да одите ТАМУ кај НЈС, ама не ве разбирам како можете да си го погазите сопственото достоинство, да замижете и да преминете преку овие работи (особено егејските деца):

Емисија на тв Сонце 1, 2,
Македонците во Егејска Македонија 1, 2, 3, 4, 5, 6 каде е
незаборавното немо оро кое не можам да го гледам без да се расплачам (во четвртиот дел од 8 минута),
Протест против Скопје 1992,
Парадата 2009 со јасно искажан национализам пред целиот свет (на која никој не реагираше)
итн.итн.
Или можеби треба да се предомислам по слетувањето на нашиот владин авион (со македонски ознаки) на Крф! Каква радост, каква еуфорија! Замислете, ни дозволиле да слетаме! Колку се добри овие НЈС. Ја подале раката на добрососедство! Затоа - поклонете им се!


Наставката -ијаМакедонија и Кинезите

Write a comment

New comments have been disabled for this post.