My Opera is closing 3rd of March

Macedonian Civilization

Reviews the region's history, language and culture

Subscribe to RSS feed

Македонската Православна Црква во лицето на Охридската архиепископија мајка на Српската Православна Црква


Во XII век и подоцна политичките прилики на Балканскиот Полуостров биле мошне замрени. Во 1204 година крстоносците го освоиле Цариград и основале Латинско царство. Византискиот цар Теодор Ласкар и цариградскиот патријарх се засолниле во Мала Азија, така што Византиското царство било сведено на само една мала област од јужната страна на Мраморното море со престолнина во Никеја.
Во Епир, Тесалија и Македонија било основано Епирско деспоство, во чиј состав влегувало и седиштето на Охридската архиепископија.

Знаејќи за непријателството меѓу никејскиот цар Ласкар и епирскиот деспот околу наследството на византискиот престол, монахот Сава, имал во предвид дека му припаѓа на друг народ - на српскиот, по примерот на Бугарската Православна Црква во лицето на Трновската архиепископија и поучен дека секоја Православна Црква е национална црква, го заобиколува Охридскиот архиепископ Хоматијан, и побарал автокефалност на Српската Православна Црква од патријархот во Никеја.

Со тоа направил канонски прекршок, зашто епархиите во тогашна Србија се наоѓале под јуриздикција на Македонската Православна Црква - Охридската архиепископија. Дури и успеал во 1219 година да добие автокефалност на Српската Православна Црква од Никејскиот патријарх. Попусти биле протестите на Хоматијан: Сава ја организирал автокефалноста на својата црква. За деветте српски епархии биле хиротонисани деветмина Срби, главно доведени од Света Гора.
Српската Православна Црква била под јуриздикција на Македонската Православна Црква - Охридската архиепископија, била нејзина керка - црква.

И сега, заборавајќи ја оваа вистина, Српската Православна Црква претендира да биде мајка на својата мајка Македонска Православна Црква - наследница на Охридската архиепископија.
Кога подоцна српската држава почнала да се шири на југ, на Македонската Православна Црква и биле одземени некои епархии и потчинети под јуриздикција на Српската Православна Црква.
Кога царот Душан завладеал со целата територија на Македонија во неговата држава се нашле две автокефални архиепископии Охридската и Пеќката.

Набргу Душан решил да се прогласи за цар.
Според средновековните закони, царската круна можел да ја добие само од патријарх. Затоа било потребно Пеќката архиепископија да биде прогласена за патријаршија.
Во ова бил помогнат и од Охридскиот архиепископ и од Трновскиот патријарх.
И во 1346 година на Црковно-народниот собор што е одржан во Скопје архиепископот Јоаникиј II е прогласен за патријарх на Српската Православна Црква, кој потоа го крунисал Душан за цар.

Во времето на цар Душан Охридската архиепископија се ослободила од дотогашните стеги на византискиот двор и наполно се осамостоила. Архиепископот веќе не бил назначуван од царот туку бил избиран од епископите, што тој ги поставувал без да се меша државната власт. Архиепископијата продолжува да биде духовен и културен центар за Македонците, кои всушност ја сочинувале целата паства. Стефан Душан се однесувал коректно и со почит кон Македонската Православна Црква - Охридската архиепископија. Сите промени во српската држава и црква станувале со учество и благослов на Македонскиот архиепископ.
Македонскиот архиепископ учествувал и на соборот кога е прогласен српскиот патријарх и кога е венчан српскиот цар Душан.

Имено Николај дошол со светиот синод.
Дошол и трновскиот синод.
Дошол и трновскиот патријатх, и двајцата го прогласиле Јоаникиј II за патријарх, за потоа тројцата црковни великодостојници да го крунисаат душан за цар.
Учеството на Македонскиот поглавар - Охридскиот архиепископ се сметало како замена на цариградскиот патријарх, кој откажал да учествува на крунисувањето.

Во тоа време Македонската Православна Црква била во добра матрејална положба. Душан, а потоа и неговите наследници и нивните повисоки велможи биле дарежливи во помагањето на Архиепископијата, особено при изградбата и обновувањето на цркви и манастири.