My Opera is closing 3rd of March

Macedonian Civilization

Reviews the region's history, language and culture

Subscribe to RSS feed

Персеј-последниот Македонски Крал


На 22 јуни 168 година пред Исус Христос, во битката кај Пидна паднаа 20.000 македонски воини.
Тој ден заврши кралска Македонија, зародена во далечниот VII век пред н.е.

Персеј е роден како постар син на Филип V со Поликратеја од Арг во 213 година пред нашата ера.
На престолот стапи во летото 179 пр. н.е.

Живееше 48 години.
Три години по заробувањето, по кусиот престој во затворот "Мамертин" во Рим, и нешто подолгиот престој во Римската колонија Алба, на Фукинското Езеро, почина во 165 година пр. н.е.
Некаде во Алба и денес се наоѓа неговата гробница во која можеби се погребани и неговите деца.
Крајот на Кралството беше драматичен.

Третата Македонско-Римска војна заврши со битката кај Пидна, која траеше околу еден час.
Персеј се повлекува во Амфипол, потоа на Самотрака.
И тогаш го ограбува и го напушта гардата од 500 Критјани, бегајќи со македонската благајна, со која тој планирал да го врати Кралството.

Конзулот Емилиј Паул го води кралското семејство во Амфипол, потоа заедно со илирскиот крал Гентиј ги води во Рим.

Во триумфалната церемонија, која траела три дена, низ улиците продефилирале селектираните македонски богатства.
Плутарх спомнува статуи, слики, македонско оружје, 750 ќупови со сребрени пари по околу 80 килограми во секој, садови за вино, бикови со позлатени рогови, златни и сребрени садови, потоа 77 ќупови со по 80 килограми златни пари во секој, светата македонска урна од масивно злато тешка 270 килограми, опточена со благородни камења.

Конечно дефилираше кралската кола на Персеј, со неговото оружје и кралската дијадема, неговите три деца, принцовите Филип VI, Александар и ќерката Лариса.
На крајот оди Персеј со кралската придружба.

Од описот на триумфот на конзулот Емилиј Паул во Рим
Зад децата и нивната придружба чекореше Персеј, облечен во темна облека во обувки на македонски начин.
(Plutarh, Aem.Paul 32-34)

Тој имаше само 13 години кога како македонски принц јаваше на чело на дел од ма кедонската армија кон Пелагонските теснеци, кај прилепското село Барбарас, каде го запре пробивот на Дарданските орди.
На 43 години, како крал, повторно ја предводеше македонската војска во земјите околу планината Скард (Шар Планина), за да ги смири и да ги одбие илирските Пенести и Дарданците.
Долг е списокот на херојските подвизи на кралот Персеј и на војската на Македонците за одбрана на македонската цивилизација и на Кралството Македонија.

А таа, Македонија, под Филип II и Александар III блесна дури со империјален-царски цивилизациски блесок.
Александар го освои светот, но како сe по него да беше хаос.
Ја разнебитуваа Келтите - Скордисците, Дарданците, Римјаните.
По петте века кралство Македонија стана Република, поточно дел - провинција од Римската Република.

Сепак, името Македонија преживеа до денешен ден.