Добромир Хрс
Wednesday, May 27, 2009 2:45:28 PM
Добромир Хрс, како осамостоен господар на отцепена територија владеел со седиште во Просек од 1196-1202 година. Поволно тло за неговот отцепување и создавање на независна формација доаѓа во моментот на застој во развитокот на Второто бугарско царство, во 1196 (по испразнувањето на престолот) и во време на веќе константната слабост на Византија.
Взаемното соперништво на овие две држави се предуслови за негово отцепување. Како независен господар Хрс се стремел да биде јавно признат од Византија и од Бугарската држава. По потреба тој се приклонувал ту кон едната, ту кон другата страна. Најчесто бил доволно вешт да биде на страната која во моментот била надмоќна. Добромир Хрс страдал тогаш кога Византија и Бугарија се здружиле во ист сојуз.
За изгледот на Просек или Стенае дознаваме и од "Хрониката" на Теодор Скутариот:
"(Хрс) по заземањето на Струмица и утврдувањето во Просек си создаде седиште на независно кнежество. . . Таа (тврдина) нема голема и соодветна ширина, се издига скоро до облаците и се простира како некаков ѕид. Целата е од камен. . . (Под неа) е направен премин колку да тече реката, која порано се викала Аксиос, а сега Вардар, и колку да помине од источниот дел еден пешак или коњаник. На горниот западен дел, на чијшто врв на карпата е и градот, е изградена и тврдината Просек, на која ниту искачувањето на пешаците што влегуваат е лесно, ниту пак слегувањето. Одамна неа Ромеите ја беа запоставиле и ја оставиле пуста. Хрс, пак, откако се погрижи за неа, ја имаше како неосвоиво седиште против Ромеите. . . Како нејзин господар Хрс воопшто не беше загрижен за нападот. . . "
prodolzuva...