Македонски куќи-куќа приземна
By macedon. Monday, 28. July 2008, 12:00:17
Поземката претставува приземна куќа, која покрај тоа што
може да се сретне под наведениве термини, во народната култура кај
Македонците, во зависност од етничкиот предел, се сретнува уште и
под други термини: колиба, надземница,113 плетарка,114 плетеница,115
примитивна куќа,116, поземечка117, земечка или изба.118 Во основа,
поземката има правоаголна форма која се ширела хоризонтално, во
зависност од општествените и од економските услови, како и во
зависност од нараснатите потреби на луѓето. Всушност, едноделниот
основен модел на куќа со огниште се развил во покомплексно,
дводелно живеалиште, кое под еден кров ги вклучувало и луѓето и
домашните животни.
Краток опис на приземната куќа во Македонија (во етничкиот
предел Скопска Црна Гора), како и на структурата на просторот во неа,
ни дава етнографот Светозар Томиќ:119 „...посиромашните луѓе градат
приземни куќи. Ги прават од камен и од керпич, обмачкани со кал, а ги
покриваат со керамиди или со `ржана слама. Приземните куќи се
состојат од два дела, куќа и клет, кои со завеса се оддвоени еден од
друг. Доколку приземната куќа е поголема, тогаш на другата страна од
куќата, спрема клетот, со ниска ограда се дели едно одделение каде
што престојуваат коњите, воловите и козите. Тоа се нарекува пондила.
Приземните куќи немаат никаков таван, ниту горен, ниту долен, туку
единствено имаат попречна греда над куќата, а исто така попречни
111 Љупчо С. Ристески, Категориите Простор и Време..., 156.
112 Исто, 158.
113 Анета Светиева, Населби, живеалишта, народно градителство, Етнолошки и
културно-антрополошки аспект, Етнологија на Македонците, Материјална култура,
Скопје, 3. (ракопис).
114 Петар Намичев, Селската ахитектура во Малешево од XIX и почетокот на XX век,
Скопје, 1998, 12.
115 Љупчо С. Ристески, Категориите Простор и Време..., 168.
116 Тома Смиљанић, Мијаци, Горна Река и Мавровско Поље, СЕЗб књ.XXXV, Насеља и
порекло становништва, књ.20, Београд, 1925, 25-26.
117 Бранислав Русић, Малесија, Годишен зборник на Филозофскиот факултет во Скопје,
кн. 6, Скопје, 1953, 23.
118 Тома Смиљанић, Кичевија, СЕЗб књ. LI, Насеља и порекло становништва, књ.28,
Београд, 1935, 354.
119 Светозар Томић, Скопска Црна Гора: Антропогеографска и етнографска студија,
СЕЗб, књ. шеста, Насеља српских земаља, књ.III, Београд, 1905, 442.
греди има и над клетот и над пондилата, каде што се оставаат алатите
или кошовите за сушење на житото. Од куќата преку оградата може
да се види во пондилата, односно можат да се видат коњите и
воловите кои лежат.“
Друг автор кој дава одредени информации за овој тип на
живеалиште е Јован Хаџи-Васиљевиќ,120 кој во своето дело Јужна
Стара Србија ги дава следните описи за овој тип куќа во Кумановско
(односно за Жеглигово, Козјачија и Овче Поле) и ја нарекува стара
куќа: „...овие куќи се мали и со сламени покриви. Облепени се со кал;
без темели се и најмногу едната страна е ѕидана, додека другите три
се плетени и едноставно облепени со кал. По планинските (козјачките)
и другите сиромашни села, старите куќи се куќи на криво. Во тие куќи
се плете плот во висина од земјата од околу еден метар, а потоа од
плетот се препречуваат греди кои се криви (кривуље) и составени на
врвот, зацврстени со клинови; ги покриваат со слама и ѕидовите ги
облепуваат со кал. Во ваквите куќи многу ретко има баџа; таа функција
ја врши оџакот кој претставува едноставна дупка на кровот, или пак
чадот се испушта низ вратата. Старите куќи најчесто се состојат од
едно одделение кое е преградено со греда или мотка. Многу ретко има
куќи во кои оваа ограда е облепена со кал. Преградениот простор кој е
наменет за стоката се сретнува под името колиба. И во Овче Поле и
во Кутлибешката област, во старите куќи има оџаци, кои најчесто се
сместени во средината од куќниот покрив, во висина на човекот. Во
Овче Поле оџаците се од плетени прачки. На оние куќи на кои нема
оџаци, има баџи. Од оџакот, најчесто висат веригите. Огништата се од
камен, но многу ретко се како ѕидани печки, туку само се оградени од
камења. До огништето се наоѓа прекладникот. На него се пече леб и
не се седи на тоа место. Единствено нешто што се прави на тоа место
е што се става трпеза за ручање и за вечерање. Во Овче Поле, стоката
во пондилата се внесува на двете врати кои постојат на овој тип
живеалиште, но почесто се води низ главната врата, преку куќата.
Малата врата служи повеќе за слама и за ѓубре...“121
Одредени информации за поземката во дебарско – реканската
етнографска целина ни дава етнографот Тома Смиљаниќ,122 во
неговата студија Мијаци, Горна Река и Мавровско Поле. Притоа, овој
автор укажува и тоа дека во долните мијачки села овој тип на куќа бил
поархаичен, а додека во горните села бил забележителен развојот на
живеалиштето и во вертикален план. Овој тип на куќа тој го нарекува
примитивна куќа: „...тоа се приземни куќи, изградени од плот и
облепени со кал. Главна граѓа се гредите и делканите штици. Куќата е
четвртаста и има голема и мала врата, една наспроти друга, обично во
правец север – југ. Големата и малата врата ја делат куќата на два
дела. Во едниот дел покрај ѕидот, во средината, се наоѓа огништето, а
120 Јован Хаџи-Васиљевић, Јужна Стара Србија: Историјска, етнографска и политичка
истраживања, књига прва, Кумановска oбласт, Београд, 1909, 106-107.
121 Исто, 106-107.
122 Тома Смиљанић, Мијаци, Горна Река и Мавровско Поље..., 25-26.
наоколу е просторот за седење и спиење. Тој дел се нарекува куќа.
Другиот дел служи за чување на добитокот, каде што покрај ѕидот се
наоѓаат јаслите.“123
Истиот автор, овој тип на живеалиште ни го потврдува и во
брсјачката етнографска целина, поточно во етничкиот предел
Кичевија, во истоимениот труд (Кичевија). Тома Смиљаниќ,124
спомнува дека овој тип куќа се сретнува под имињата поземечка,
земечка или изба. Имено, тој го запишал следново: „...во избата
живеела целата задруга. Денес, местата каде што се наоѓале овие
изби се нарекуваат избишта. Сега, изба се нарекува делот од куќата
кој служи за чување на мрсот и облеката. Избата била градена од
трупци или камен, со правоаголен облик, приземна. Во средината било
огништето, чадот излегувал низ баџата, поставена на средината од
покривот. Делот од избата, од огништето нагоре, се викал катишта и
во него живееле луѓето, долниот дел се нарекувал пондила и служела
како засолниште на стоката. Прозорците биле многу мали, како
мазгалници. Над огништето висел черенот, неколку тешки и
хоризонтално поставени штици, а над черенот се наоѓал отворот за
чадот. Черенот служел за да ги запира искрите, за да не дојде до
пожар. Во куќата се влегувало низ големата врата, а се излегувало
низ малата, која служела за поминување на луѓето, додека пак
големата и за поминување на стоката. Овој тип на живеалиште било
долго по петнаесет метри, а имало ширина од четири до пет метри. Во
него обично живееле и до 50 луѓе во задруга.“
Прилог за овој тип на живеалиште дава и географот Јован
Цвииќ,125 кој ги изнесува следниве податоци: „...има повеќе вакви куќи,
со две одделенија; едниот е пондило, во кој најпрво се влегува и каде
што се чува стоката, а другиот дел е куќа каде што гори огнот. Овие
два дела се одвоени со ограда од дрва или плетен ѕид, висок околу
еден ипол метар. На средината има големо огниште, а неговиот дел на
кој се пече лебот се вика среднопол; на едната страна од огништето
спијат постарите, и тој дел се вика на тланик, а од другата страна
спијат помладите, и тој дел се вика катиште. На ѕидовите има мали
отвори кои се затвораат со капаци. Ако куќата има две врати, тогаш
едната се нарекува голема...“
Во истражувањето на живеалиштата, односно на овој тип на
живеалишта свој придонес дал и етнологот Бранислав Русиќ,126 притоа
давајќи описи на ваквите живеалишта во етничкиот предел Малесија
од брсјачката етнографска целина. Но, карактеристично е тоа што тој
не сретнал вакви куќи, туку само слушал од информаторите за нив:
„...се зборува дека куќите биле ниски, поземечки и само во основата
биле градени од камен, додека пак ѕидовите биле од дрво и прачки
облепени со кал. Луѓето во нив живееле како колибари. Куќите биле со
123 Исто, 25-26.
124 Тома Смиљанић, Кичевија..., 354.
125 Јован Цвијић, Балканско Полуострово, Сабрана дела, књ. 2, САНУ, Завод за
издавање уџбенике и наставна средства, Београд, 1991, 280.
126 Бранислав Русић, Малесија..., 23.
две одделенија: куќа - за луѓето и пондила - за добитокот; со мали
отвори со поклопци од штици наместо прозорци; со две врати, голема
и мала; со кров од слама или од камени плочи; и со баџа на кровот...“
Исто така, Бранислав Русиќ127 дава опис на поземката и во
пределот Дебарска Жупа во дебарско - реканската етнографска
целина: „...во порамните села редовно имале по едно одделение со
под од зарамнета земја во чијашто една половина, куќа, в куќи, онаму
каде што било и огништето, живееле луѓето, а на другата, клед, в клед
се наоѓале крупната и ситната стока и живината. Внатрешните страни
на ѕидовите редовно биле премачкани со кал, измешана со плева или
со поситна слама, додека пак надворешните само на некои места и тоа
пред сè кај поимотните луѓе. Огништето било малку подалеку од
средината на ѕидот и куќната ширина, со четириаголен облик и
ограничено со камења. Над него стоеле буаре – ограда од прачки,
облепена од двете страни со кал, која нагоре се стеснувала и
излегувала кон отворот на покривот, баџата. Тоа ги штитело гредите и
покривот од искрите и оттаму излегувал чадот. Местото меѓу ѕидот и
огништето било малку вдлабнато и се нарекувало кат. Просторот од
другата страна на огништето се нарекувало стреткуќи. Над гредите
немало таван, па целата кровна конструкција (чатијата) се гледала. На
ѕидовите на овој тип куќи никаде немало прозорци, а светлината
влегувала од предната или главната или големата врата, како и од
задната или помала врата, наречена уште и капиџик, која водела кон
градината. Крововите биле на две води, кои во низинските делови
биле покривани со `ржана слама, а во ридските предели најчесто биле
покривани со камени плочи“.
Етнологот Анета Светиева,128 објаснува дека овие куќи биле
градени и на диреци, кои биле потпрени на камени подлоги заради
поголема стабилност на вертикално поставените диреци. Исто така,
заради поголема безбедност и зацврстување на градбата се вршело и
копање на мал темел. Како што веќе е спомнато погоре, ѕидовите биле
правени од плетени прачки, премачкани со кал и плева. Приземните
живеалишта често се прават со додавање на неколку диреци пред
влезната врата, поврзани конструктивно во целината на кровот. На тој
начин пред куќата се формира долг покриен трем.
Внатрешноста на куќата се состоела од два дела: едниот бил
наменет за луѓето, а другиот дел бил простор во кој што се чувале
домашните животни. Двата дела во најстариот тип приземни
живеалишта биле поделени со едноставна ограда од преплетени
прачки. Во делот во кој што живееле луѓето централната позиција
припаѓала на отвореното огниште, од кое чадот излегувал низ отворот
(баџата, кој што се наоѓал на кровната конструкција. Преку овој отвор
се добивала и светлина во текот на денот, а во текот на ноќта била
користена светлината од отвореното огниште. Исто така, во таа
127 Бранислав Русић, Жупа Дебарска, Филозофски факултет на Универзитетот во Скопје,
Историско-филолошки оддел, Посебни изданија, кн. 4, Скопје, 1957, 24-25.
128 Анета Светиева, Населби, живеалишта, народно градителство..., 4.
просторија се наоѓала и целата неопходна покуќнина. Подот бил од
набиена земја, одозгора премачкана со глина. Прозорците не се
отворале, а се влегувало низ малата врата, со наведнување. Кровот
на овој тип живеалиште бил од слама.129 Поземките претставувале
задружни живеалишта и во нив се случувало да живеат и до неколку
десетини членови.
При истражувањата во етничкиот предел Мариово, од страна
на етнологот Љупчо Ристески,130 во однос на овој тип на живеалишта
се потврдуваат констатациите на претходните етнографи и етнолози
кои го обработувале живеалиштето во различни етнички предели на
Македонија. Така, и според истражувањата во Мариово, овој тип на
традициско живеалиште се состои од две одделенија, со правоаголна
основа, која што била поделена само со една долга греда по
половината, наречена долно било, со што просторот во неа бил
поделен на два дела. Едниот дел бил познат под името горни крај или
тланик – простор кадешто живееле луѓето и долни крај или пондила –
простор во кој што бил сместен добитокот. Во просторот на долниот
крај се наоѓале две врати од кои главната и поголемата била на
источниот крај на куќата, додека помалата (колку човек да се провне)
на западната страна. На горниот крај, до самиот ѕид се наоѓала уште
една греда, наречена горно било, на којашто седеле чесните гости и
тоа било местото каде што се одржувале најсвечените семејни обреди
и прослави. Во средината на горни крај, имало ископано четвртаста
дупка која што од сите страни била пополочена со убави, мазни и
големи плочи – огништето.
Според изнесените констатации на истражувачите, може да се
каже дека поземката, исто како и основниот модел на куќа со огниште,
во зависност од местото каде што е изградена, односно во зависност
од градежниот материјал, се јавува во два основни типа:
- од кршен камен (Жеглигово, Славиште, Кратовско,
Штипско, Кичевија, во планинските делови на Дебарско-
етнографската целина и др.) или
- од плет, измачкана со кал во полските села (Скопска
Блатија, Велешко, Бојмија, Тиквеш, Струмичко Поле,
Преспа).131
Доколку се земе предвид и информацијата која ни ја дава
Светозар Томиќ, тогаш како трет тип се јавува и поземката за чија
изградба како градежен материјал е користен керпич.132
129 Исто, 4-5. (ракопис).
130 Љупчо С. Ристески, Категориите Простор и Време..., 173-174.
131 Анета Светиева, Населби, живеалишта, народно градителство... 4.
132 Светозар Томић, Скопска Црна Гора..., 442.
Цртеж 6. Основа и изглед на дводелна приземна куќа со трем, с.
Костин Дол, Пијанец,133 Шопско-брегалничка етнографска целина
Истражувачот на народната архитектура, Петар Намичев има
забележано одличен пример за дводелна приземна куќа со трем во
селото Костин Дол (од првата половина на XX век) која ќе ни послужи
за изработка на нејзин виртуелен пандан. Имено, основата на куќата е
изработена од кршен камен, како и два од надворешните ѕидови.
Додека, пак, другите два надворешни ѕида, заедно со внатрешниот ѕид
се изработени од плетеница од прачки, премачкан со кал и
малтерисани. Во отворениот и покриен трем се влегува преку посебни
врати во двете простории, но тие, исто така, меѓусебе се поврзани со
врата и одвнатре. Во просторијата за живеење се наоѓа огништето кое
е поставено во централниот дел, покрај ѕидот. Тремот, претставува
своевиден стопански простор, бидејќи тука се наоѓа амбарот. Кровот
на ова живеалиште е на четири води и е покриено со керамиди.
Даворин Трпески
ВИРТУЕЛНИ МОДЕЛИ НА ЖИВЕАЛИШТА ОД МАКЕДОНСКОТО НАРОДНО ГРАДИТЕЛСТВО
Скопје, 2006
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ - СКОПЈЕ
ПРИРОДНО – МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ
ИНСТИТУТ ЗА ЕТНОЛОГИЈА И АНТРОПОЛОГИЈА

How to use Quote function: