Македонски куќи-куќа на клет
By macedonancientmacedonia. Tuesday, July 29, 2008 2:40:54 AM
Главна карактеристика за овој тип на живеалиште е тоа што
покрај истакнатиот развој во хоризонтален правец, исто така,
впечатлив е и развојот во вертикална насока. Впрочем, главните
трансформации кои што се направени во овој тип на живеалиште е тоа
што веќе е дефиниран и значително е издвоен просторот кој што е
135 Исто, 140-141.
136 Leonhard Schultze Jena, Makedonien, landschafts und kulturbilder, Marburg, 1927, 140-141.
наменет за живеење на луѓето, од просторијата во која бил сместен
добитокот и од просторијата која служела како остава. Имено,
просторијата на добитокот и просторијата која служела како остава за
материјалните добра на луѓето, во овој тип живеалишта најчесто биле
вкопани во земјата, или пак во голем број случаи биле поставени во
најдолниот дел од куќата, во случаите кога куќата била поставена на
надолно земјиште.137 Сепак, во прилог на ова, најпрво би ги
проследиле истражувањата кои се однесуваат на овој тип куќа во
Македонија.
Етнографот Светозар Томиќ,138 при неговите истражувања во
почетокот на XX век во етничкиот предел Скопска Црна Гора, го
споменува овој тип куќа и го кажува следново: „Куќата на црногорскиот
селанец е половина на визба, а половина од горниот спрат е попуштен
на целица. Кај куќите кои се на целица, подрумот е помал и во него
има клет, но нема воловарник и ар. Чардакот е над клетот, а ‘куќата’ е
одвоена со ѕид од чардакот и се наоѓа на целица. Доколку просторот
над подрумот е поголем, тогаш покрај ‘куќата’ се правела и мала соба“.
Друг етнограф кој, исто така, дава одредени информации за
овој тип куќа, во трудот Кичевија е Тома Смиљаниќ,139 кој ја спомнува
под името куќа на клед: „Од старата куќа се развила куќата на клед со
тоа што под еден дел добила подрум. Сега подрумот или кледот служи
како остава но и за чување на ситната стока. Она што е над подрумот
е исто како и во старата куќа, само што сега куќата добила прегради.
Преграденото одделение за чување на стоката е пондилата, каде што
покрај ѕидот се јаслите... тука се затворала крупната стока поради
сигурност. Одделението каде што живеат луѓето и каде што се наоѓа
огништето се нарекува куќа. Сега черенот е претворен во кош и во
оџак, низ кој излегува чадот. Понатаму овој тип куќа има и чардак кој е
широк и е со отворени прозорци“.
При истражувањата во Дебарски Дримкол, Миленко
Филиповиќ140 дошол до информација дека од пред околу 100 до 150
години се граделе куќи со ќерал, на тој начин што на местата со
поизразена стрмнина во едниот дел се подѕидувал ќералот, дел в
земја, а над него се градела куќата: „Ќералот служел за најразлични
потреби, главно за чување на стоката, потоа како остава за
најразлични работи, а во него спиеле и младите брачни парови“.
Бранислав Русиќ141 во трудот Жупа Дебарска, од средината на
XX век, за куќите овој етнички предел го забележува следново: „Само
во планинските места се среќаваат куќи кои под едниот свој дел имаат
уште едно одделение кое служи за чување на домашните животни и се
вика клед“.
137 Љупчо С. Ристески, Категориите Простор и Време..., 193.
138 Светозар Томић, Скопска Црна Гора..., 442.
139 Тома Смиљанић, Кичевија..., 355.
140 Миленко С. Филиповић, Дебарски Дримкол..., 59.
141 Бранислав Русић, Жупа Дебарска..., 24.
Исто така, за развојот на селската куќа пишува и Крум
Томовски142 кој како пример ги зема куќите во село Нежилово,
Велешко. Тој наведува дека во приземниот дел се сместани
пондилата и клетот, како и тремот со скалите, а на катот се
куќата, одајата и чардакот.
Според досегашните сознанија, може да се заклучи дека куќите
на клет биле мошне распространети во Македонија во текот на XX век
и тоа главно во планинските, но се среќавале и во рамничарските
предели. Специфично за овој тип на живеалишта е тоа што најчесто се
граделе во накосени терени, така што вкопаниот дел бил наречен клет
или клед, во кој биле сместени стопанските одделенија, оставата и
пондилата. Веднаш над нив се наоѓале просториите во кои живееле
луѓето. Најпрвин, над клетот имало само една просторија во која се
наоѓало огништето ‘куќа’, а потоа во зависност од нараснатите потреби
на домаќинството, оваа просторија добила и прегради, така што биле
формирани повеќе простории.
Цртеж 9. Основа и изглед на приземна куќа со вкопан подрум, с. Саса,
Пијанец,143 Шопско-брегалничка етнографска целина
Како пример за овој тип живелишта, кој ќе биде виртуелно
презентиран, е земен модел од селото Саса (Пијанец), кој потекнува
од почетоткот на XX век. Основата на живеалиштето, заедно со
ѕидовите на клетот, односно на единствената подрумска просторија се
142 Крум Томовски, Покуќнината во старата селска куќа во Македонија, Годишен
зборник на Техничкиот факултет, V,5, Скопје, 1963, 34.
143 Петар Намичев, Пијанец, рурална архитектура..., 40.
изѕидани од кршен камен. Исто така, од кршен камен се изѕидани и
оние ѕидови на катот кои се вкопани во накосениот терен, додека
останатите се изработени од плетеница од прачки, премачкани со кал
и малтерисани. Тремот е отворен, покриен и во еден негов дел се
наоѓа кошот за пченка. На катот има две простории за живеење од кои
едната е просторијата со огниште. Кровот е на три води, покриен со
слама.
Даворин Трпески
ВИРТУЕЛНИ МОДЕЛИ НА ЖИВЕАЛИШТА ОД МАКЕДОНСКОТО НАРОДНО ГРАДИТЕЛСТВО
Скопје, 2006
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ - СКОПЈЕ
ПРИРОДНО – МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ
ИНСТИТУТ ЗА ЕТНОЛОГИЈА И АНТРОПОЛОГИЈА

How to use Quote function: