МАКЕДОНСКИ БОРБЕНИ НАРОДНИ ПЕСНИ-Марко КИТЕВСКИ
Wednesday, 27. December 2006, 13:15:51
-Македонската народна песна во изминатите векови ги регистрирала сите поважни моменти од животот на македонскиот народ. Покрај семејните, трудовите, социјалните итн. ги опеала уште и годините на ропство, отпорот против разните окупатори, борбените подвизи, било тие да се индивидуални или групни, стихијни или организирани итн.1.
-Тешко е да се утврди од кога датираат најстарите борбени песни, но не би била без основа претпоставката дека Словените уште со своето доаѓање на Балканот располагале со богат фонд народни песни за митолошки и за други јунаци, коишто подоцна со познатите процеси на трансформација и актуелизација на настаните и ликовите биле приспособени кон новите времиња.
Византискиот патеписец и дипломат Никифор Грегорас, кој во 1325/26 година патувал низ Македонија и низ Србија, во Струмица бил сведок како населението со песни и со ора го празнувало Велигден.
Опишувајќи ги искушенијата што ги преживеал при патувањето низ овие краишта, Грегорас забележал дека придружбата составена од локално население, пеела јуначки песни.
-За кои јунаци се пеело во тоа време денес е тешко да се каже, но може да се претпостави дека тие песни подоцна послужиле како основа при создавањето
на епските песни за Момчил војвода, за Волкашин, за Марко Крале, за Болен Дојчин и за другите јунаци од македонскиот јуначки епос.
MARKO KITEVSKI.htm

