Обичаите на античките Македонци_01
Tuesday, 26. December 2006, 14:03:06
Како несомнено наследство од антиката секако дека треба да го сметаме и принесувањето жртви по повод разни свечености.
Дека жртвувањето по повод свеченостите било мошне присутно кај античките Македонци, постојат повеќе сведоштва.
Како покарактеристично ќе го наведеме сведо штвото што го дава Вилкен.
Во неговото дело Александар Македонски" читаме дека по повод влегувањето во Суса на Македонската војска, биле принесени жртви на македонските богови:
"Влегувањето во Суса беше проследено со голема свеченост.
Александар им приложи жртва на македонските богови според прадедовскиот ритуал и нареди да се одржи трка со факели и гимнастички натпреварувања."
Принесувањето жртви по повод разни свечености во изменета форма (но не и суштина) е останато до денес кај Македонците, дури и покрај тоа што сегашните Македонци се православни христијани, а според христијанската наука убивањето животни е најстрого забрането.
Да се потсетиме само дека денес се коле (жртвува) јагне за време на свеченоста на ставање темели на нова куќа.
Потоа, по повод свеченоста за вселување во стан се коле (жртвува) петел и така натаму.
Македонците од 19. век вршеле жртвување на животни дури и за време на некои христијански празници.
Ова го пишува Стефан Верковиќ за селаните од солунската каза.
Во врска со ова читаме:
"Годишно на четири празника се прават тие жртви, кои селаните ги именуваат ипсома... На овие празници во многу куќи има од тие жртвувања, што прават и колат курбан, се овни, не друг добиток."
ВЕСЕЛЕЊЕ CO ЗВУКОТ НА ШУПЕЛКАТА
Античките Македонци своите веселби ги правеле со играње и пеење.
Притоа најчест инструмент била шупелката и флејтата, а имале и жичани инструменти.
Античкиот хроничар Плутарх, во глава 67 на својата биограсрија за Александар Македонски, вака ја опишува веселбата на македонските војници, што се одржала некаде на патот по враќањето од Индија.
Овде читаме:
"Свиреле многу шупелки и флејти, а низ целиот крај се разнесувало пеење, удирање во жичани инструменти и разуздани женски извици."
Дека шупелката и денес е еден од најпрепознатливите македонски народни инструменти, исто така мислам дека нема потреба да докажувам.
Кога сме кај музиката, да го спомнеме и тоа дека и во времето на античките Македонци постоел обичај за опејување на јуначките дела, исто како што било со векови подоцна кај Македонците.
На крајот од 14 глава Плутарх пишува дека пред битката против Персијанците кај реката Граник на Александар Македонски му се јавиле неколку знаци, но неговиот гаталец му рекол дека тој ќе изврши такви дела кои (цитат) "...ќе бидат достојни за опејување и раскажување, поради што ќе видат многу мака и ќе ги облее многу пот поетите и музичарите кои ќе ги опеваат тие дела."
И кај античките Македонци постоел обичај на крстење на своите деца по имињата на татковците и дедовците.
Доволно е да се погледне списокот на имињата од династиите на македонските кралеви од пред и по владеењето на Александар Македонски.
Ист е случајот и со денешните Македонци и мислам дека и за ова нема потреба да приложувам повеќе докази.
Инаку, и овој обичај не е застапен кај сите балкански народи, барем не со толкав интензитет како кај Македонцит
БАРАЊЕ СОГЛАСНОСТ ОД РОДИТЕЛИТЕ (СТАРАТЕЛИТЕ) НА НЕВЕСТАТА ПРЕД МАЖЕЊЕТО
Барањето согласност од родителите, односно старателите на идната невеста пред нејзиното мажење од страна на идниот младоженец, е уште еден обичај што денешните Македонци директно го наследиле од античките Македонци.
Мислам дека нема потреба да објаснувам дека овој обичај, во една современа и симболична варијанта, се применува и денес во Македонија, посебно кај патријахално воспитаните семејства, како и кај оние што држат до традицијата за време на мажењето/женењето.
Инаку, точно е дека овој обичај го има и кај други народи (не кај сите), но мислам дека би било нелогично да се тврди дека денешните Македонци го прифатиле овој обичај од некој странски народ, а не од античките Македонци, кои живееле со векови на истата оваа територија, на која денес ние живееме.
Но, да презентираме сведоштва според кои овој обичај го имало кај античките Македонци. Н. Г. Л. Хамонд во својот труд под наслов:
Тхе гениус оф Алеџандер тхе Греат (Тне Университѕ оф Нортх Царолина пресс, преземено од веб-страница: Македоника на Славко Манговски), во врска со ова пишува:
"Мораме да знаеме дека не само во Македонија, туку и во останатите држави давањето на девојката за мажење било организирано од страна на човекот, кој бил 'одговорен' за неа."
Античкиот биограф на Александар Македонски, Плутарх исто така го споменува овој обичај кај античките Македонци.
Во својот опис на женидбата на македонскиот крал Филип Втори со Олимпија - идната мајка на Александар Македонски, Плутарх пишува:
"Филип... се уште младо момче, а таа девојка без родители, се вљубил во неа и стапиле во брак, откако за тоа добил согласност од нејзиниот брат."
Потполно идентичен опис на овој обичај среќаваме во делото на Стефан Верковиќ, каде во неговиот опис на свадбените обичаи во серското село Брод, читаме:
"Кога некое момче ќе реши да си побара невеста, тој прво во домот на невестата праќа една стројничка... Ако родителите на девојката се согласни, тогаш стројничката се враќа во домот на младеоженецот со радосна вест и му вели:
"Радувај се сине мој!
Тие се согласни да ја дадат девојката за тебе."
Во истата книга за Верковиќ повторно се среќаваме со овој обичај.
Во врска со свадбените обичаи од Серес и Неврокоп, читаме:
"Кога го канат таткото на невестата на свадба, му бараат да им ја даде невестата."
Ист опис на овој обичај имаме и во Зборникот на браќата Миладиновци.
Во нивниот опис за свадбените обичаи во Кукуш, читаме:
"На такви народни опшчи ора, неженатите си се избирает, и по татковското согласје стројниците приготват армасот."
Потсетуваме дека записите од Верковиќ и од Миладиновци датираат од средината на 19. век.
Значи, суштината на овој обичај е во тоа што момчето на симболичен начин бара дозвола од родителите или (до колку ги нема) од блиските роднини на девојката, да му ја дадат за невеста.
Притоа, барањето на девојката се врши преку други луѓе (стројници), кои, во име на момчето ја бараат девојката.
Така било кај античките Македонци, а така е и до денес, без
разлика за потеклото на овој обичај и без разлика на неговата присутност и кај некои други народи.
ОДДЕЛНО СЕДЕЊЕ НА МАЖИТЕ И ЖЕНИТЕ
Одделното седење на мажите и жените за време на веселбите во минатото во Македонија е добро познат обичај, кој дури и се уште се има задржано по селата.
За овој обичај мнозина кај нас погрешно сметаа дека е обичај поврзан со турското ропство, т.е. дека истиот сме го наследиле од Турците.
Ова мислење секако дека беше резултат на односот на тогашните Турци (но и на Исламот воопшто) кон жените.
Но, ваквото толкување за потеклото на овој обичај воопшто не одговара на вистината. Одделното седење на мажите и жените за време на веселбите или свеченостите се среќава у ште кај античките Македонци и тоа најрано уште во шестиот век п.н.е. Дециден опис на овој античко-македонски обичај постои кај античкиот историчар Херодот. Опишувајќи ја посетата на персиските пратеници на Македонскиот двор во времето на кралот Аминта (кој владеел околу 503 година п.н.е.), Херодот ги цитира зборовите на овој македонски крал, во кои, Аминта сосема јасно го споменува овој обичај.
Еве како ја опишал Херодот оваа ситуација:
"И така Персијанците... беа доведени пред Аминта, замолувајќ и го да му отстапи вода и копно на кралот Дарие.
Аминта, не само што им го вети тоа што го бараа, туку и ги покани на гозба, по што тој направи богата трпеза, со цел Персијанците убаво да се забавуваат.
Откако заврши вечерата, Персијанците продолжија да пијат, обраќајќи му се на кралот со зборовите:
Драг Македонецу, ние Персијанците имаме обичај, кога правиме голема гозба да ги водиме со нас и нашите жени или љубовници, кои на гозбата седат заедно со нас.
Сега, откако Вие не примивте нас толку љубезно, откако не нагостивте и откако ни ветивте дека на кралот Дарие ќе мудадете земја и вода, направете го и овој наш обичај во наша чест.
Аминта им одговори:
Драги Персијанци!
Кај нас не постои таков обичај, туку кај нас мажите седат одвоени од жените.
Но, бидејќи вие го барате тоа, ќе ви ја исполнам оваа желба.
Откако го кажа ова Аминта нареди да ги повикаат жените.
Жените дојдоа на неговиот повик и се наредија наспроти Персијанците.
Персијанците видоа дека овие жени се многу убави и згодни и повторно му се обратија на Аминта, велејќи му дека она што го направил не било сосема доволно и дека подобро би било овие жени воопшто да не доаѓале, отколку што дошле на ваков начин, без да седнат крај нив, тукуда останат отспротива и да им ги мачат очите. (Подвлекувањата се мои, з. м.)"
(Инаку, епилогот на оваа интересна случка е тоа што Аминта им дозволил на македонските жени да седнат крај Персијанците, но тие се опиле и почнале да ги задеваат со непристојни зборови и постапки, поради што платиле со глава, а подоцна случајот бил забошотен пред персиските власти).
Но, да се вратиме на зборовите на македонскиот крал Аминта, кои гласат:
"Кај нас не постои таков обичај, туку кај нас мажите седат одвоени од жените", како и на продолжението на описот од случката, според кое: "Жените дојдоа на неговиот повик и се наредија наспроти Персијанците.
" Целосно идентичен опис на овој обичај се среќава кај повеќемина наши собирачи на народни умотворби од 19. век.
Така, на пример, браќата Миладиновци, опишувајќи ги свадбените обичаи во Кукуш, во својот Зборник, запишале:
"Стигвеешчем у момата, мажите седвет на една страна, a жените на друга стоет простум."
Познатиот босанско-сопски собиоач на македонски наоодни умотворби Стефан Верковиќ, опишувајќи ги свадбените обичаи во околината на Серез и Неврокоп, во врска со ова ќе запише:
"Штом ќе влезат во домот на невестата, таткото на младоженецот и мажите влегуваат во една соба, а жените остануваат надвор во друга соба, во која се наоѓа и невестата со девојките."
Овој античко-македонски обичај не се задржал кај Македонците од 19. век само за време на свадбите. Напротив, тој бил застапуван и за време на обичните заеднички свечени ручеци (посебно на оние на кои присуствувале поголем број припадници на машкиот и на женскиот пол, каков што е впрочем и случајот со веселбата што ја приредил кралот Аминта).
Верковиќ, во врска со обичаите на Македонците од југозападна Македонија, што се одржуваат за време на свечени ручеци, пишува:
"На трпезата во горниот крај, на првото место седи дедото (најстариот родоначелник), окружен од двете страни со членовите од машкиот пол; на другиот крај на трпезата седи бабата, исто така окружена со членовите од женскиот пол."
Гледаме дека овде е опишана потполно истата ситуација како кај Херодот.
Имено, таму Македонките, на повикот на својот крал, влегле во одајата и, во склад со своето воспитание, т.е. во склад со единствениот начин на однесување што го знаеле за во такви ситуации, се наредиле наспроти Персијанците, т.е. наспроти мажите.
Значи, за време на веселбите во античка Македонија жените седеле во одделна просторија од мажите, но кога требало да седат во иста просторија, тога ш тие седеле наспроти мажите, што значи дека пак биле дистанцирани од нив.
Во описите на Верковиќ го гледаме сосема истото.
Кај Верковиќ (т.е. за време на свадбените обичаи од Серез и Неврокоп) мажите влегувале во една соба, а жените во друга.
Но, кога требало да престојуваат во заедничка просторија тогаш мажите седнувале, а жените застанувале наспроти нив.
Истата состојба ја имаме и во описот на Миладиновци во врска со свадбената веселба во Кукуш.
И во описот на Верковиќ за свечениот ручек во југозападна Македонија,за време на кој мажите и жените морале да седат (јадат) во заедничка просторија, тие седеле одвоенод.е. едни наспроти други, исто како што седеле и Македонците и Македонките за време на свеченостите во античка Македонија.
Целосната идентичност на овој македонски обичај уште од античко време, па се до не така одамна, мислам дека е повеќ е од очигледна.
Инаку, да потсетиме дека описите на овој обичај од страна на Верковиќ и на Миладиновци датираат од средината на 19. век, а да спомнеме и дека овој обичај го има до денес во повеќе села низ Македонија (според лични сведоштва дадени од учесници на неколку вакви свадби и веселби на авторот на овој труд).
Уште посилен доказ дека овој обичај кај Македонците од 19. век претставува директно наследство од античките Македонци, претставува едно многу интересно сведоштво од страна на самиот запишувач на овој обичај, Стефан Верковиќ.
Имено, за Македонците од југозападна Македонија Верковиќ тврди дека во најголем број му припаѓале на "коленото Пуливаковци".
Ова "колено" (пошироко семејство, род), според Верковиќ, го опфаќало целото население од повеќе македонски градови од југозападна Македонија.
Токму таму Верковиќ ги запишал овие обичаи.
Пишувајќи за народносната свест на Пуливаковци (некаде во шеесеттите години на 19. век), Верковиќ запишал:
"Кај Пуливаковците постои предание дека се чисти Македонци и потомци на Александар Велики.
Долно-Поленците, а особено тие што живеат во околината на Пазар се гордеат со старата столица, т.е. со градот Бела, од кој останале само една кула и една карпа, висока пет аршина."
Значи, воопшто не е случајно тоа што овој античко-македонски обичај преку 25 векови се задржал во Македонија, посебно во оние краеви, каде населението (и покрај сите пропаганди и притисоци од страна) си ја задржало својата македонска етничка свест.


How to use Quote function: