Skip navigation

Lost password? | Help

Македонскиот народен гениј

makedonskiot naroden genij

ДРЕВНО МАКЕДОНСКО НАСЛЕДСТВО ВО СОВРЕМЕНАТА МАКЕДОНСКА НАЦИЈА



Народни песни, преданија и мотиви и ликови од приказни

Денес во македонскиот фолклор постојат бројни македонски народни творби (песни, приказни, легенди, преданија и сл.) посветени на некои од античко-македонските владетели или јавни личности.
Постојат и одредени фолклорни елементи (посебно во приказните], кои несомнено влечат корени од времето на античка Македонија.
Овде ќе спомнеме некои од нив.
Притоа, во интерес на просторот, нема да ја приложиме комплетната содржина на овие македонски народни умотворби.туку само ќе посочиме на нивното постоење.
Посебно ќе се задржиме на обработката на мотивите во народните приказни, кои имаат античко-македонско потекло.

Народни песни и приказни

Народни песни, во кои се опеани славни личности од античко-македонската историја, запишале речиси сите запишувачи на македонски народни умотворби од средината на 19. век и подоцна.
За ваквата појава сведочеле и странци, кои ја посетувале Македонија во 18, 19 и 20. век.
Сепак, можеби прв запис за песна посветена на античко-македонската историја имаме кај Теофилакт Охридски.

Во својот труд Теофилакт Охридски за музиката во Македонија од 11. до 12. век (Македонска музика, бр. 2, 1979, стр. 39-46], познатиот македонски истражувач на средновековна Македонија, проф.Бранко Панов, споменува едно писмо на Теофилакт Охридски во кое тој пишува дека кога бил во (цитат):
варварската земја - Македонија, населението во Охрид го дочекало со пеење на (цитат): некаква борбена и победоносна песна, за која Теофилакт вели дека во неа народот ги опејувал (цитат): своите честити времиња.

Византискиот историчар и писател Никифор Григора, за време на својата посета на Струмица во 1326 година, опишува некои од народните песни што таму ги слушнал.
Тој децидно тврди дека (иако не го разбирал јазикот на тамошното население], струмичките народни песни многу потсетувале на -фригиските! (Ницепхоре Грегорас, Цореспонданце, Парис, 1927, стр. 30-50].

Се знае дека Фригите (Бригите) играле главна улога во етногенезата на античките Македонци, па оттаму гледаме дека уште Македонците во 14. век, како свое наследство, ги чувале старите античко-македонски (бригиски) мотиви во народните песни.

Многу подоцна, францускиот генерал Франсоа де Тот, кој работел во Цариград од 1768 до 1775 (18 век!), во своите Спомени запишал:
Дваесет и двајца Македонци... во една кафеана пееја песни за победите на Александар (Александар Матковски: Македонија во делата на странските патеписци 1371-1777, Скопје, Мисла, 1991, стр. 833].
Овие Македонци биле обични работници.

Сведоштво дека споменот за Александар Македонски останал меѓу Македонците во првата половина на 19. век, дал и рускиот истакнат деец Виктор Григорович.
Во врска со импресиите од неговата посета на Македонија во 1844-1845 година, тој запишал:
Во сите краишта што ги посетив, јас немам чуено други имиња освен имињата на Александар Велики и на Марко Крале.
И едниот и другиот живеат во спомените на народот...
Споменот за Александар Велики сепак е повеќе утврден кај народот.

Виктор Григорович запишал и една народна приказна за македонскиот цар Филип II.
Тоа всушност е првата запишана македонска народна приказна воопшто!
Македонскиот фолклорист Кирил Пенушлиски, во Книгата за Цепенков (цит. дело, стр. 520], ќе запише:
"Цар Филип сос сонце чинит облок" е првата наша забележана приказна од Острово.
Ја запишал Виктор Григорович во времето на неговото патување по Македонија.
Таа е објавена дури во наше време.
Значи првата запишана македонска народна приказна се однесува токму на славниот античко-македонски цар Филип II.

И чешкиот научник И. Доровски во својата студија за врските меѓу Чесите и Македонците објавува факсимил од една [цитат]: македонска народна песна, запишана од В. И Григорович. (Ј. Доровскѕ, Цеске земе а Балкан, Брно 1974].
Харалампие Поленаковиќ, во својот труд:
Уште една варијанта од македонската народна умотворба "Цар Филип сос слонце облок чинили" (Избрани дела 2, Скопје 1988], наведува дури четири приказни или песни (а можеби и само варијанти] за македонскиот цар Филип II.

Босанскиот запишувач на македонски народни умотворби и обичаи, Стефан Верковиќ, познато е дека престојувал во Македонија повеќе години во средината на 19. век.
Тој признава дека бил многу изненаден кога во Македонија открил народни песни за личности од античка Македонија.
Дури овие песни тој ги прогласил како свое најголемо откритие.
Во едно свое писмо Верковиќ сведочи:
Ова премногу важно и ненадејно откритие се случи во првата четвртина на 1865 година. Тоа беше една мала песна за Александар Велики, царот Македонски.
До крајот на годината најдов уште две песни за него.
Следната 1866 година наидов на уште постаро откритие - на песна за Орпхеус! (Стефан Верковиќ, цит. дело, стр. 347).
Значи, Верковиќ, не само што открил македонски народни песни за Александар Македонски, туку и за митскиот крал на Тракијците Орпхеус, за кого веќе наведовме сведоштва дека бил роден (и погребан) во Македонија.

Стефан Верковиќ дал и други сведоштва за македонски народни творби со античко-македонски елементи, на кои наишол за време на својот долговремен престој во Македонија.
Притоа сведочи дека голем број вакви преданија имало кај македонското колено (пошироко семејство] Марваци (жители на дел од денешниот пирински дел од Македонија, кој се наоѓа под Бугарија).
Во веќе спомената книга за Верковиќ (цит. дело, стр. 152], читаме:
Марваците... го населуваат неврокопскиот округ што се простира меѓу планината Кремен и Момина Кула и служи како естетски дел меѓу Неврокоп и Разлог (градови во овој дел од Македонија, з.м.]... Кај Марваците има приказни и народни преданија од најодамнешното минато, кои би можеле да пополнат многу празни места во општата и месна словенска историја, како и да разјаснат и коригираат многу погрешни и неумесни мислења и докази на старите и нови историчари за народите што живеат на Балканскиот Полуостров, за нивните прадедовци, старите Тракијци, Македонци и Илири... Покрај преданијата и приказните кај Марваците има и народни песни, многу љубопитни и важни, кои се однесуваат на најдалечното минато; на ова се однесува и песната за доаѓањето на Словените од Азија (од далечната Кинеска земја, како што кажува песната] на Дунав; уште песната за Александар Велики и неговиот коњ Буцефал;за походот негов во Азија и војната со Дариус и Пор(ус) - царот индиски.

Оваа многу важна песна за решението на потеклото на старите Македонци, Тракијци и Илири, инаку е откриена во селото Керчово, што се наоѓа во Воловиште.Демирхисарски округ (округ во Македонија, з.м.], како што ми раскажа овчарот Стојан Мечкаров.
Исто таква песна имам и од селото Крушово, во истиот округ, но таа е составена малку поинаку.

Да потсетиме и на веќе презентираното сведоштво од Стефан Верковиќ, во кое, тој тврди дека во југозападна Македонија, луѓето себеси се декларирале како чисти Македонци, потомци на Александар Македонски.

Кога сме кај Верковиќ, да ја спомнеме и неговата книга Веда Словена, во која тој исто така објавил песни посветени на Александар Македонски и подолга песна за Орпхеус (Орфен јунак), кои ги прикажал како народни песни, но за кои, денес, некои сметаат дека му биле подметнати од страна на учителот Јован Гологанов, кој бил негов собирач на народни умотворби и кој, наводно, самиот ги создал овие песни, прикажувајќи ги како македонски народни.

Инаку, Гологанов до крајот на својот живот упорно тврдел дека песните и навистина биле народни и дека е надвор од логиката дека тој, како недоволно образован селски учител, би создал такви песни.

Дури во едно свое писмо до Верковиќ, самиот Гологанов пишува (цитат): ниту сум учен на народниот јазик, нит/ пак ни една бугарска книга имам.
Понатаму запишал дека самиот себеси се смета за (цитат):
многу малку учен (М. Арнаудов, цит. дело, с. 340).

Дека песните од Веда Словена се оригинални народни тврдел и Верковиќ, но и многу учени ширум Европа, кои ги прегледале овие песни.
Некои од нив биле Французите: Емил Бирнуф, Албер Димон, Луис Легер и Огист Дозон; Чехословаците: Јанко Шафарик и Леополд Гајтлер;Пољакот Александар Ходзко; Германците Флигер и Подхорски, Русинот Всеволд Милер и други.

Посебно полемиката се водела околу песните за Орфеј и за Александар Македонски.
Во екот на полемиката, група од дваесет и двајца жители на македонскиот град Серез, во 1876 година.испратиле писмо до францускиот издавач Е. Лерокс,во кое, тие тврделе дека песните од Веда Словена и навистина се народни, а штипскиот учител Димитар Павлов.во едно писмо до Верковиќ, воодушевено напишал:
За Орфеј Грците лажат дека бил Грк, но преку Вас учените европјани ќе дознаат дека словенскиот буен поток го извадил од своите недра и ова богатство (Љ. Доклестиќ, цит. дело, ст. 312 и 301 ].

Сепак, бугарскиот деец Шишманов бил главниот во негирањето на автентичноста на овие песни (иако имало и други како него.
Ј.Шишманов отпрвин наседнал на една лага од егзархискиот агент Петко Славејков,кој тврдел дека поранешниот учител С. Л. Харизанов наводно му се доверил дека учествувал во фалсификувањето на песните од Веда Словена.

Меѓутоа, самиот Харизанов најенергично ги одбил тврдењата на Славејков како лажни.
Но, Шишманов не запрел на ова.
На крајот од осумдесеттите години од 19. век, тој испратил неколку активисти (меѓу кои и самиот Верковиќ) да бараат луѓе по македонските села,кои ги знаат овие песни.
Наводно, тие не нашле ниту еден селнанец што ги знаел овие песни.

И токму кога се чинело дека приказната за песните од Веда Словена е завршена.т.е. дека песните во неа и навистина не се народни.во 1894 година била испратена уште една експедиција (анкетна комисија), упатена по барање на бугарскиот црковен весник Новини.

Оваа експедиција донела изненадувачка вест, која гласела дека бабата Злата Шопова и извесниот хаџи Стоил од македонското село Крчово ја знаеле македонската народна песна за Орфеј!

Весникот Новини веднаш ја објавил оваа информација во своите броеви: 52, 73 и 89 (година III) и бр. 15 и 16 (година IV).
Подоцна, фолклористот од македонско потекло А. П. Стоилов објавил податок дека, во 1911 година, и самиот слушнал неколку строфи од песната за Орфеј од страна на селанката Марија Шопова од македонското село Црвишта.

И други селани му пот врдиле на Стоилов дека делови од песната за Орфеј ги има во други народни песни (што впрочем е нормална појава во народните песни).
Исто така не е точно дека Гологанов наводно му испратил песна за Орфеј на Верковиќ, откако овој му ветил парична награда заради тоа.

Напротив, Гологанов прво пронашол една кратка народна песна за Орфеј, а дури потоа воодушевениот Верковиќ му понудил пари, до колку му најде уште една таква (Љ. Доклестиќ, цит. дело, стр. 283].

По ова Гологанов му испратил уште подолга песна за Орфеј, за која подоцна бил обвинет дека самиот ја измислил (што рековме дека тој го негирал).

Во интерес на просторот нема многу да се задржуваме на проблемите околу потеклото на песните во Веда Словена, само ќе кажеме дека дури и до колку во нив навистина има уметнички интервенции, факт е дека во нив има и фолклорни елементи, а најголем доказ за ова се теренските истражувања на Стоилов, според кои, селаните му потврдиле дека во песните од Веда Словена и навистина има стихови од повеќе народни песни (значи, сепак - народни!).

Понатаму, факт е и дека најжестоки поборници во негирањето на автентичноста на овие песни биле бугарските дејци, а во наше време тоа се македонските приврзаници на теоријата за заткарпатското словенско потекло на денешната македонска нација, во чија теорија не се вклопува постоењето на македонски народни песни со антички мотиви.
Факт е и дека ниту еден од негаторите на автентичноста на песните од Веда Словена го нема ниту спомнато фактот дека Орфеј и навистина бил роден (и погребан) во Македонија, а кон сето ова секако дека треба да се има предвид и фактот дека постојат и други македонски народни творби со античка содржина, кои овде ги споменуваме, а за кои, докажано, се знае дека чисти народни творби, останати во нашиот народ уште од дамнина.

Одиме понатаму со презентирање македонски народни песни со античко-македонска содржина.

Меѓу Македонците во пиринскиот дел на Македонија (кој денес се наоѓа под Бугарија] и денес постојат македонски народни песни, посветени на античко-македонските владетели. Сведоштво за ова имаме во романот Тасо Македонецот (Софија, 1995] од македонскиот писател во Бугарија Славе Македонски.

Таму е објавен дел од македонска народна песна за Александар Македонски, која што Славе Македонски ја слушал од својата неписмена мајка, која ја запомнила уште од своите стари.

Истата песна била пеена и од еден стар овчар на големата македонска планина Пирин.
Сведоштво за, до неодамна, непозната македонска народна песна, посветена на царот Александар Македонски среќаваме и во фолклорната збирка на егејскиот Македонец Димитар Поп-Димитров (кој, во моментов кога ги пишувам овие редови, живее во своето родно село Цакони во околината на Воден, во делот на Македонија, што се наоѓа под Грција).
Овој деец, со години собирал македонски народни умотворби низ повеќе градови и села на егејскиот дел на Македонија.
Меѓу ваквите творби била и песната за царот Александар Македонски, која му ја испеал 84-годишниот Македонец Танас Марков.
Дел од песната гласи: Стани, стани Александре Македонски за да видиш како твоите синови се борат за Македонија...
Инаку песната била мошне долга и траела околу петнаесетина минути.
(в. Нова Македонија, Скопје; 1 и 2.11.1997, стр. 7).

Во средината на 19. век францускиот славист Сипријан Робер запишал една песна за Александар Македонски, кој ги молел боговите да бдеат (цитат):
над неговиот народ славен со херојски срца, поради што заслужуваме да го носиме убавото име Словени.
Ова име го добивме од устата на самиот Александар, восхитувајќи се на јунаштвото наше, јунакот од Македонија изрече пред смртта дека го проколнува секого, кој, во иднина ќе говори лошо за народот славен.
На тој народ, како награда за јуначките дела тој му ги завешта областите што се простираат од Јадранското Mope па се до океанот на вечните ледови.
Александар сакаше целата таа земја никогаш да не живее по други закони, освен по законите на славните. (Цитирано од книгата на Л. Славеска, стр. 34-35).
Инаку, овој завет е објавен во оригинал на француски во 1852 година.

Во Зборникот од македонски и бугарски народни и уметнички песни од 1909 - 1910 година (Михајло Георгиевски: Словенски ракописи во Македонија, цит. дело, стр. 161-173), на стр. 68, спомната е песна во која се споменува античко-македонскиот цар Каран.
Првите стихови на оваа песна гласат:
Стара планина, кој ште в тебе војска води Като нјама цара гордиј, Цара Карана.
Иако песната овде е запишана на бугарски јазик, повеќе од јасно е дека по содржината тоа е македонска песна.
Во продолжение следувале уште 28 стихови.

Македонска народна песна за царот Каран споменува и македонскиот преродбеник Исаија Мажовски во своите Спомени (Софија, 1922).
Тој раскажува како, на ден 23.02.1867 година, престојувал во македонското село Сосалија (во околината на Ениџе-Вардар) кај своите вујковци, браќата Хаџи Секови.
Вечерта,кај нив дошол некој Евреин да купува волна и, откако завршиле работа, седнале и пееле македонски народи песни.
Тогаш браќата Хаџи Секови испеале неколку стари песни за македонскиот цар Каран и Солуна девојка.
Во врска со ова Мажовски пишува:
Слушајќи ги песните, Евреинот зачудено ги праша како можеле да се зачуваат овие песни од толку старо време. Старците Хаџи Секови му одговорија дека овие песни се останати уште од старо време и истите биле пренесувани од татко на син.
"Тие биле пеени од нашите татковци и дедовци, та и ние сме ги научиле од нив да ги пееме." (цит. според Гане Тодоровски, цит. дело, стр. 30).

Во македонскиот весник Народна Волја (Благоевград, јули 1994) е објавена и македонска народна приказна за царот Персеј, под наслов Татковата клетва, раскажана од Г. Петров. Почетокот на приказната гласи:
Еднаш живеел еден цар на Македонија, што се викал Персеј.
Во тоа време во Македонија имало многу гаталки.
Тие дошле овде по завладувањето на светот од страна на Александар Велики.
Тој ги довел од Индија, од Персија, од Египет, од секаде...
Понатаму во приказната се раскажува дека царот Персеус [Персеѕ] сретнал една од тие гаталки, која му ја претскажала пропаста на неговото царство, поради тоа што тој на подмолен начин го отепал својот брат, наклеветувајќи го пред татка си дека работи во интерес на туѓа држава.
Подоцна таткото на Персеј разбрал за подмолноста на својот син и го проколнал. Гаталката му рекла на Персеј дека царството ќе му пропадне и туѓинци ќе владеат со неговата земја.
Откако ги слушнал овие зборови на гаталката Персеј се уплашил бидејќи, тие денови, и жена му сонувала лош сон.

Ја прашал гаталката дали може да направи нешто за да се спречи оваа судбина, а таа му одговорила:
Ќе ти кажам што да направиш, ама не е сигурно дали ќе те стигне клетвата. Ќе родите машко дете, ама ќе го скриете, никој да не знае оти е ваше.
Царицата ќе го роди таму каде што никој нема да ја знае.
Потоа ти ќе го дадеш во некоја туѓа држава и ќе му кажеш на човекот кајшто ќе го дадеш да му ја каже вистината откако Македонија ќе биде поробена.
Тогаш можеби душата на татко ти ќе се смилува.
Царот Персеј така направил.
Родиле син со царицата и го однеле на еден остров, каде го оставиле на чување кај еден човек.
На човекот му оставиле пари и запечатено писмо за да му го даде на детето кога ќе порасне.
Човекот го крстил детето Андрејко.
Кога пораснало детето, човекот му го дал писмото.
Внатре пишувало кое е тоа и како да дојде до богатствата на татко му.
Татко му му оставил две богатства и му опишал како да ги најде, т.е. каде се закопани. Едното било закопано на патот близу реката Струма (река во источна Македонија, з.м.), а другото под една клупа во дворецот во Солун.

Откако ги нашол богатствата Андрејко собрал војска и тргнал ја ослободува Македонија.
Успеал да ја ослободи, ама, по кратко време, таа пак била поробена од Римјаните.
Тогаш на Андрејко на сон му излегол еден стар човек, кој му рекол повеќе да не се мачи, бидејќи Македонија уште долго нема да биде слободна.
Така било пишано од Господ.
Стариот човек му рекол златото што го има да го сокрие на три места и да почне да гради цркви и манастири.
Така царот и направил.
Изградил цркви во кои народот и денес оди.
И оваа народна приказна од пиринскиот дел на Македонија (што денес се наоѓа под Бугарија) во многу се поклопува со историската вистина.
И навистина во 149 и 148 година п.н.е. во Македонија се појавил еден млад човек, што се викал Андриск и кој тврдел дека е легитимен син на Персеј, поради што се преименувал во Филип Шести.
Тој се обидел да ја ослободи Македонија од римската окупација.
Собрал војска, и дури, на кратко, успеал да ја ослободи цела Македонија.
Во тоа му помогнале и Тракијците.
Но, Римјаните испратиле голема војска и до пресудната битка дошло кај Пидна во 148 година.
Андриск (или Филип Шести) отпрвин имал успех во битката, но потоа направил тактичка грешка, по што бил поразен.

ИЗВАДОК ОД КНИГАТА НА АЛЕКСАНДАР ДОНСКИ:
“ДРЕВНО МАКЕДОНСКО НАСЛЕДСТВО ВО СОВРЕМЕНАТА МАКЕДОНСКА НАЦИЈА”


РИСТОС И КОМАРЏИЈАТАПреданија и легенди

How to use Quote function:

  1. Select some text
  2. Click on the Quote link

Write a comment

Comment
(BBcode and HTML is turned off for anonymous user comments.)

If you can't read the words, press the small reload icon.


Smilies

December 2009
S M T W T F S
November 2009January 2010
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31