Преданија и легенди
Monday, 25. December 2006, 16:06:11
Овде ќе наведеме неколку преданија и легенди, запишани во 19. и 20. век, кои имаат античко-македонски корени.
Во Зборникот од Шапкарев (Софија, 1891] се наоѓа предание, кое гласи:
Александар Велики ја изумил војната.
Во него се вели:
Простиот народ кажува и верува дека војните најпрво биле пронајдени од Александар Велики Македонски.
Кога тој шетал по море, одејќи во некој друг непознат свет, за да најде и нацрпи бесмртна вода, за да се напие, та да не умира никогаш, кога видел во морето рибите да се бијат помеѓу себеси како во војна, намислил и тој да го направи истото, па кога дошол во своето царство, прв ја изумил војната на овој свет.
Неколку преданија за Александар Македонски има регистрирано и во Институтот за фолклор од Скопје[м.л.1755].
Едно од нив е раскажано од г-дин Станимир Вишински во 1971 година, роден во село
Мисимер (во околината на македонскиот град Воден, кој се наоѓа во делот од Македонија под Грција), во 1885 година.
Во друго предание, раскажано од г-ѓа Лоза Камчевска од македонскиот град Прилеп
(Л. Славеска, цит.дело, стр. 37], Александар Македонски го победил Дариус со тоа што се кладел со Дариус, кој ќе изеде повеќе од македонските лути пиперки.
Дариус не можел да изеде толку колку што изел Александар и затоа морал да го предаде своето царство.
Предание во кое се споменува Александар Македонски запишал и собирачот на македонски народни умотворби од 19. век, по име Марко Целенков (Д-р Кирил Пенушлиски, цит. дело, стр. 100).
Во преданието за стариот македонски град Градиште Цепенков запишал:
За тој расипан град се прикажуа, оти е прајен од Александра, царо Маќедонцќи.
При се што врви Црна низ Градиштето, коа бил здрав градо имало едно јако кале и за во калето вода имало донесено од баеги далеку.
Понатаму Цепенков ја раскажува легендарната историја на овој стар град, се до неговото освојување од Турците во 14. век.
Во Зборникот на браќата Миладиновци во поглавието Преданија како прво по ред стои запишано преданието за Александар Македонски.
Истото е насловено Цар Александар и гласи:
Цар Александар сакаше да ходит да земит бесмртна вода.
Но кој одеше, никој не се врашчаше назад; зашчо дури да стигнит некој до неа, требаше да патуваттри дни се во ношна темнина, во која љугето се заскитвеха и не можеха да се вратат на бел ден.
Цар Александар зеде со себе си кобили и ждребина.
Во темнината врза кобила; и в растојање шчо можит да се чует гласот, врза ждребе; потамо кобила, после ждребе, и така подалеку дури стигна до бесмртната вода, која стоеше меѓу две планини, кои се отвораха и затвораха.
Тој со голема брзина нацрпи едно шише и по гласовите од кобилите и ждребината, кои ржеха, находваше патот и така се врати на бел ден.
Шишето остави на прозорецот за да се напие утрината во недеља; и нарача на сестра му да вардит, да не некако истурит бесмртната вода.
Сестра му метеешчем не догледа и скрши шишето.
Цар Александар кога чу това, страшно се наљути, а сестра му, избегвеешчем љутината негова, се фрли в море и се престори делфин, кој, кога чует Александровото име, се криет во морските глобини.
Благодарение на г-дин Љубе Панов (р. 1938] од Велес (град во Македонија], објавуваме уште една варијанта на ова предание.
Ова предание г-дин Панов го запомнил од својата мајка Васка Јолевска Панова [1913-1980], родена во Битола (град во Македонија], а мажена во Велес.
Истото го пренесуваме во целост:
Господ создал луѓе со различна боја на кожата.
Ова Господ го направил пред Потопот.
На белците Господ им го пратил својот син, што се викал Македон и сите белци отпрвин се викале Македонци.
Подоцна, најпознат цар на Македонците, бил Александар Македонски.
Тој еднаш пронашол бесмртна вода и ја дал на сестра си да ја чува и да внимава да не се истури.
Но, таа кришум се напила и водата се истурила.
Плашејќи се од лутината на брата си се фрлила во Егејското Mope.
Ho, бидејќи не можела да умре, наеднаш се престорила во половина риба, половина девојка.
До ден денес кога парабродите минуваат оттаму, плашејќи се да не ги преврти, луѓето од парабродите, на сет глас викаат: "Жив е Александар!".
Така ја плашат сестра му на Александар и таа бега од нив, а парабродите безбедно заминуваат.
Францускиот славист Андре Мазон во својот Зборник Славјански приказни од југозападна Македонија (Париз, 1923] објавил предание, раскажано од дедо Јован од село Неволјани (во околината на македонскиот град Костур, кој денес се наоѓа во делот од Македонија под Грција), во кое има фантасти-чен спој помеѓу Алексанадар Македонски, Крали Марко и Јанкула, кои успеале да налеатжива вода, која ги правела луѓето бесмртни.
Јанкула и Крали Марко се напиле и тие до денес се живи, а Александар не успеал, затоа што сестрите му ја испиле неговата, па поради тоа умрел (Ѓорѓи Радуле, цит. дело, стр. 191].
Инаку, Крали Марко и Јанкула биле средновековни македонски јунаци, кои се опеани во повеќе македонски народни песни како борци против турската окупација на Македонија. Во ова предание, како и во претходните две, во кои се споменуваат сестрите на Александар, видовме дека тие се ставени во негативна улога (тие му ја пијат.т.е. истураат живата вода за да му наштетат).
Историските податоци зборуваат дека Александар Македонски имал само една родена сестра и уште две или три полу-сестри (од ист татко, а од различни мајки).
He постојат податоци дека која и да било од неговите (полу)сестри му направила какво било зло.
Напротив, Љуинтус Цуртиус Руфус (цит. дело, стр. 212 и 250) запишал дека Александар дури носел облека, која, специјално за него, ја направиле неговите сестри, како и дека еднаш изјавил оти, по завршувањето на војната, ќе се врател кај својата мајка и сестри (што јасно говори за нивната заемна почит).
Но, додека тој се почитувал и сакал со своите сестри, не било така и со останатите владетели и нивни роднини од кралскиот двор во античка Македонија.
Ова се однесува за речиси целата историја на оваа држава.
Меѓусебните убиства на блиски роднини, клеветењата, подметнувањата и интригите, со цел, да се дојде или остане на власт биле составен дел во животот на владеачките кругови на античка Македонија, кои, секако, дека фрлаат сенка врз сјајот и славата на оваа држава.
Можеби поради тоа, како далечен одблесок на овие меѓуроднински интриги и подметнувања, останал овој мотив кај народниот творец, во кој, токму сестрите на Александар Македонски биле тие кои му направиле зло.
Предание за Александар Македонски има раскажано и г-дин Никола Андонов (род. 1883] од македонското село Конопиште (Танас Вражиновски: Македонски народни преданија, цит. дело, стр. 26-29).
Во ова подолго предание, на начин, својствен само за народниот творец, опишани се односите меѓу Александар Македонски и персискиот цар Дариус (Дарие],почнувајќи уште од детството на Александар, па се до неговото мажење за ќерката на Дариус [Дарие].
И овде се спомнати гајдата (која е во честа употреба во македонската народна музика], македонското оро (посебен македонски народен танц],македонските лути пиперки, градот Солун и уште многу други елементи, кои, заеднички, прават фантастичен спој помеѓу историската вистина и имагинацијата на народниоттворец.
Интересно е и преданието за Александар Македонски и сестра му Ангелина (Танас Вражиновски, цит. дело, стр. 29-32], во кое, народниот творец направил фантастичен спој помеѓу нашиот славен цар и девојката Ангелина, која во многу македонски народни песни е претставена како симбол на непокорената македонска девојка во Средновековието.
Ова предание го раскажал г-дин Петре Андрески (род. 1893] од македонското село Модришта.
Преданието започнува со зборовите: Тоа време е уште одамна.
Време одамна, еј, уште од овега, од царот наш, кој бил макидонски Александро, Александро Макидонски.
Значи и овде гледаме дека раскажувачот царот Александар Македонски го претставува како историски цар на денешните Македонци!
Во преданието е опишано недоразбирањето помеѓу Александар и сестра му Ангелина, поради што, Александар бил отруен.
Подоцна сестра му останала да владее со Македонија се додека не дошле Турците.
Овде сакам да потенцирам дека во македонскиот фолклор не постои ниту една творба во која, кој и да било српски, грчки или бугарски цар или хан, е опеан како историски цар на денешните Македонци, како што е случајот со Александар Македонски.
Одиме понатаму.
Постои и предание за Александар Македонски раскажано од г-дин Апостол Апостолов (род. 1912 год.] во македонскиот град Крива Паланка (Танас Вражиновски, цит. дело, стр. 33]. Во ова предание Александар Македонски, како заштитник на Македонците, се бори против турскиот средновековен султан Мурат.
Овде се појавува и жена му на Александар Султана, која прифаќа да биде жена на Мурат, но под услов македонскиот народ да не се зема во војска, зашто е сирак, бидејќи татко му (Александар, з.м.] загинал.
Значи гледаме дека и овде Македонците од блиското минато си го сметале Александар Македонски за свој етнички предок и заштитник.
Во контекст на ова да ја спомнеме и легендата со Историјата на Македонија, која животописецот Новко од Дебар (град во западна Македонија] тргнал да ја бара (објавена од: Танас Вражиновски: Македонски народни преданија, Македонско народно творештво: Народни преданија, книга И, Скопје, 1986, стр. 25].
Новко отишол во еден манастир, каде ги прашал владиците и поповите:
Слушајте вие владици и попој, ќе ми кажете кај се најдува Историјата на Македонија? Тогаш еден поп му одговорил:
Добро, ќе ти кажиме.
На филан (тајно, непознато, з.м.) место се најдува Историјата на Македонија.
На филан ден се отвора и се чита историјата.
Трипати годишно се чита историјата.
Потоа Новко тргнал да го бара тој филан манастир.
Кога го нашол, таму и навистина му ја покажале Историјата на Македонија, која била напишана [цитат]: на зајачка кожа со орлово перо.
My рекле дека може да ја чита само три дена и три ноќи.
Тогаш Новко купил три кила свеќи и седнал да ја чита Историјата на Македонија.
Свеќите ги палел една по друга за да не му згасне светлината.
Три дена и три ноќи Новко ја читал Историјата на Македонија, а кога се вратил назад им рекол на луѓето:
А бре, браќа, дниве е читав Историјата на Македонија.
Сум читал и сум плачел за Македонија.
Син татко ќе отепа, татко син ќе отепа.
Така пишува во Историјата.
Кола ќе оди без волој и без коњи, оган во џебој луѓето ќе носат.
Нашата историја е далековидна.
Едно старо царство ќе е гази земјата, ќе се меша времево.
Само четири сили ќе знаат што ќе стани!
Плачот на Новко од оваа легенда, предизвикан од напишаното Историјата на Македонија, во кое син татко ќе отепа, татко син ќе отепа, веројатно би можел да се поврзе со трагичните настани од животот на владеачките кругови во античка Македонија, кога, како што спомнавме, и навистина биле присутни бројни убиства, интриги и подметнувања меѓу блиските роднини, во желбата за власт.
Токму таквата судбина можеби го натерала Новко да се расплаче.
Постои едно многу интересно предание, во кое т.н. Македонски Словени се поистоветуваат со античките Македонци.
Конкретно се работи за поистоветување на т.н. македоно-словенското племе Езерци со античко-македонското племе Десарети.
Ова предание го запишал Кузман Шапкарев и истото гласи:
Во старо време сета крајезерска месност била испосеана се со села и градови, во кои живееле таканаречените Езерци, име земено од езерото, кое грчките историчари, меѓутоа го превртеле во Десарити.
И сега во Охрид (македонски град, кој се наоѓа крај истоименото големо македонско езеро, з.м.] се наоѓаат камења со натписи од тие Езерци или Десарити.
Преданието за настанокот на името на големиот македонски град Битола, можеби исто така содржи во себе античко-македонски елементи.
Во ова предание се споменува некаков битолски крал Тољо, којшто ја бранел Битола од Турците.
Откако Турците го зазеле градот, кралот Тољо се повклекол на Калето, кое Турците никако не можеле да го завземат.
На крајот, кралот Тољо, решил да ја напушти одбраната, но пред тоа сакал да види дали Турците се чесни луѓе.
Ги испратил најубавите девојки кај нив за да види како Турците ќе постапуваат. Утредента, девојките се вратиле и му рекле дека ниту еден Турчин не гибнал никоја од нив, по што решил да им го предаде и Калето.
Тогаш народот почнал да зборува: Би Тољо, доби Тољо!
На ваков начин, од скратената форма на македонскиот глагол "би" [биде] и името на овој легендарен крал [Тољо] е настанато името на денешниот град Битола.
(Преданието е запишано од: Танас Вражиновски: Убавините на Македонија низ преданија и легенди, Скопје, 1995, стр. 28-31].
Се поставува прашањето: кој бил тој битолски крал Тољо?
Секако дека неговото поврзување со Турците не мора да значи дека тој и навистина тогаш живеел, затоа што, видовме дека народниот творец и Александар Македонски им го спротиставил на Турците.
Најслично име до името на овој крал е името на античко-македонскиот крал Птолемѕ (ин Мацедониан: Птолемеѕ).
Во античка Македонија постоеле два крала со ова име.
Едниот е познат како Птолемѕ од Алор (367/6 - 366/5] и неговата сопруга (по мајка) и навистина потекнувала од Линкестида (денешен Битолско-Лерински крај), а според некои извори и неговата баба (мајка на сопругата), линкестидската принцеза Евридика, му била љубовница и имала големо влијание во неговото владеење.
Вториот македонски крал со вакво име е Птолемѕ Кераунос (281-279], во чие време Македонија и навистина била нападната и опустошена од страна Келтите и Галите.
Дали името на некој од овие два крала подоцна останало кај народот, како име на битолски крал, кој им се спротиставил на Турците, сигурно дека не може со сигурност да се потврди (но ниту да се одрече).
Факт е само одредената сличност помеѓу имињата Толо и Птолемѕ, а индикативно е и спомнувањето на Французите во преданието, кои го барале богатството на кралот Тољо, откако овој побегнал од Битола (пред да дојдат Турците).
Видовме дека Птолемѕ Кераунос војувал токму против Галите (предците на денешните Французи).
Одиме понатаму.
Во Зборникот на Миладиновци, веднаш по преданието за Александар Македонски, е објавено и предание за царот Јустинијан, кој иако бил римски цар, бил роден во Македонија.
Ова народно предание, браќата Миладиновци го сместиле како второ во поглавието за Преданијата, што зборува за нивната почит кон овој цар, без разлика што, во нивно време, странските пропаганди, правеле се што е можно за да го оневозможат националното себесознавање на етничките Македонци.
Наспроти странските еднострани и фалсификувани податоци за македонската историја, како цврст бедем и можеби единствен светилник во времето на 19. век, стоел македонскиот народен творец, кој, во своето творештво непогрешливо ги апсорбирал само поистакнатите македонски владетели или пошироко познати личности од Македонија и, како такви, ги пренесувал од поколение на поколение.
Преданието за Јустинијан е поврзано со настанокот на името на македонскиот град Охрид и, според ова предание, името на овој град го дал токму царот Јустинијан.
Преданието гласи:
Вељат че, кога се правеше охридската крепост, Јустинијан се качи на ридовите на кои лежит градот и, гледаешчем прелепото месотположење, извика:" Ох рид", т.е. "ох, каков хубав рид!" (рид, ин Мацедониан меанс хилл, мѕ ремарк). И од тога стана да се вика градот Охрид.
Уште едно предание за Јустинијан (но и за неговиот војсководец Велизарија] има и во Сборник на народни умотворенија, наука и книжнина, Софија, 1889 ИВ, стр. 154.
Ова предание е поврзано со настанокот на македонските села Исток и Герман.
Селото Исток го добило своето име по името на таткото на Јустинијан, кој, спроед ова предание, истотака се викал Исток.
За настанокот на селото Герман, Шапкарев запишал:
Во преспанската околија има друго село - Герман, за кое кажуваат дека било родното место на прочуениот Јустинијанов војсководец Велизарија.
ИЗВАДОК ОД КНИГАТА НА АЛЕКСАНДАР ДОНСКИ:
“ДРЕВНО МАКЕДОНСКО НАСЛЕДСТВО ВО СОВРЕМЕНАТА МАКЕДОНСКА НАЦИЈА”


Anonymous # 28. January 2009, 15:54
ХЕЕЕЕЕЕЕЕИИИИИИИИИО
Anonymous # 28. January 2009, 15:54
Еј тука сиииииии
Anonymous # 2. April 2009, 20:22
SO
Anonymous # 13. April 2009, 19:43
муахахахахаха!!!!!
Anonymous # 26. April 2009, 18:48
обожавам школо !!!
Anonymous # 27. April 2009, 19:58
CICAJJTE BREE!@
Anonymous # 1. December 2009, 15:15
ина мене ми се оде на сколо
Anonymous # 9. December 2009, 15:32
јас па сакам да ве ебам. хахаха
Anonymous # 24. December 2009, 18:03
е шо само преданиа за Александар Велики Македонски!