Skip navigation

Lost password? | Help

Македонскиот народен гениј

makedonskiot naroden genij

Македонски народни поговорки


А
А бидам зет (неста) ушче еднош, знъм како да гувјам.
А со грнето по камен, а со каменот по грне — тешко на грнето.
Ај без пари си бил, ај без ум си бил.
Ај без пари, ај без ум, се едно ти е.
Ај нему си му зборвал, ај на дрво.
Ајванот немат јъзик, та не знъјт да кажит шчо го болит.
Ајванот се врзвит со јъже, а чвек со збор.
Ајванот се врзвит со огламник, а чвекот со јъзик.
Ајдутин од ајдутин се плашит.
Ако 'и менал рутишчата, табиетот не го менал.
Ако 'и слушаше господ кучињана, пастрма ќе врнеше.
Ако 'и слушаше господ магарињана, ниеден самарџија не ќе останеше жив.
Ако арно прајме, арно ќе остајме.
Ако беше арна работата, и владикана ќе работаше.
Ако бидиш магаре, секој ке те вјат.
Ако врнит се жаљат на влага, ако не врнит се жаљат на суша.
Ако го менал рувото, ама табиетот не.
Ако го најш попот, ке је најш и попаѓата.
Ако горит куќата од комшијата, варди ја и твојата.
Ако дат јалва крава теле, та и тој да дајт (нешчо).
Ако дојде ти да прогориш, та тој.
Ако е виното кисело, ама срцето ни е весело.
Ако е за фајде, доста е.
Ако е испасена тревата, корењата ушче стоет.
Ако е јунак, нека излезит на мегдан.
Ако е колиба - наша е.
Ако е кус денот, дълга е годината.
Ако е медот благ, ама прстите не се јадет, (туку се лижет).
Ако е мъчно да се зборвит, не е мъчно да се малчит.
Ако е некој будала, не биди му другар.
Ако е од татка ти, ќе се погодиме, ако си го спечалил ти — тешко.
Ако е Петко ќор, децата му се опулени.
Ако е селото весело, и мојава фурка ќе предит.
Ако е стар, не ќе му го вариш месото.
Ако е цар, не е господ.
Ако е цар, не носит две глај.
Ако е чвек сиромав, барем да е здрав.
Ако зборвиш лош си, ако малчиш ќе пукниш.
Ако зимата не къснит со зъбите, ќе опсучит (ќе мавнит) со опашката.
Ако зимата не къснит, ќе клоцнит.
Ако зинит, ќе те (ме) гълтнит.
Ако знъјме ке сме се родиле, не знъјме ке ќе умриме.
Ако играт мечката пред вратата од комшијата, ќе заиграт и пред твојата.
Ако имат в пајнцата, ќе имат и во лајцата.
Ако имат век (ден), ќе имат и лек, ако немат век (ден), ќе немат ни лек.
Ако имаш вујко владика, лесно ќе се сториш поп.
Ако имаш ќе ти завижџет, ако немаш ќе те кудет.
Ако имаш лична жена, не оди на чужџина.
Ако имаш маша, не фашчај ја жарта со ръка.
Ако ја менал капата, не си го менал у мот.
Ако је служиш на парата, си најсиромав.
Ако ловџијата секогаш уловеше, не ке се викаше ловџија.
Ако лошото не бегат од тебе, бегај ти од него.
Ако љуѓето не се бесни, куќата не е тесна.
Ако ме мъме, те мъмам.
Ако мешаш мед, се ќе 'и лизниш прстите, (ама немој да 'и изејш).
Ако ми згазниш (газиш) на сенката (на стъпалката), на късмедот не мојш да ми згазниш.
Ако ми намигниш, ќе ти намигнам.
Ако ми паднале убетките, ушиве ушче ми стоет.
Ако ми падниш в ръка, ќе ти скројам капа, (гуна, долама, талаган).
Ако ми попредиш, ќе ти поткам.
Ако мојш со сила да му зејш, со сила не мојш да му дајш.
Ако му го подајш прстот, ќе ти ја грабнит и ръката.
Ако не бегат бељата од тебе, бегај ти од неја.
Ако не вервиш, оди број.
Ако не врнит (течит), ќе капит.
Ако не е вака ко шчо ти (ви) вељам, мустаќиве ќе 'и фрљам в але.
Ако не е вака, со лајна да ме пљуваш.
Ако не знъјш да зборвиш, знъјш да малчиш.
Ако не ми помогвиш, не одмогви ми.
Ако не мојш да бидиш богат и личен, мојш да бидиш умен и чесен.
Ако не мојш да ја фатиш за грива, фати ја за опашка.
Ако не мојш да напрајш како сакаш, напрај како мојш.
Ако не му беше носон, трева ќе пасеше.
Ако не се учит, не мојт да се научит.
Ако не сум личен, сум чесен.
Ако не те чекат честа, ни со најбрз коњ не мојш да ја фтасаш.
Ако не умејт да напрајт, умејт да расипит.
Ако некој скокнит да се давит, не ќе се фрлиш и ти по него.
Ако некој сркат лајна, не ќе сркаш и ти со него.
Ако немат мрша, не се берет галој (орли).
Ако немаше темница, виделината ич не ќе ни беше мила.
Ако нешчо не разбираш, остај го.
Ако ојш по далечнијот път, порано ќе фтасаш.
Ако оџакот е крив, чадот ојт прау.
Ако падниш, падни како мъж, а не како жена.
Ако падниш, падни од мъж, а не од жена.
Ако пијам, за мој пари пијам.
Ако поможиш, ќе ти поможет.
Ако праината не поможит, кривината никогаш.
Ако реков, дупка на небо не се отвори.
Ако реков, не пресеков.
Ако рекол (писал) господ, да одречит (да отнишит).
Ако сакаш да жнијаш, требит прво да посејш.
Ако сакаш некого да го збудалиш, пофали го.
Ако сакаш некого да го познајш, напрај го (стори го) големец.
Ако сакаш некого да го познајш, требит едно врешче сољ да изејш со него.
Ако се измъмит, та вистината да ти ја кажит.
Ако се јадеше, не ќе висеше.
Ако се плашам од бијол (мечка), не и од лепешката.
Ако се плашеше дедо од рапчиња, не ќе посееше просо.
Ако се сторит баба момичка, порано ќе се сторит дедо беќар.
Ако се сториш мед и мувине ќе те пљувет.
Ако си вълк, секој ќе бегат од тебе.
Ако си заиграл на оро, ќе играш дури не досвирит.
Ако си мост, секој ќе те газит.
Ако си мушчерја, лесно ќе се погодиме.
Ако си нема немачка, не си слепа слепачка.
Ако си овца, секој ќе те стрижит.
Ако си ортак во работата, не си ортак во верата.
Ако си поможиме еден со други и господ ќе ни поможит.
Ако си постелиш, ќе легниш.
Ако си сиромав, не биди мрсуљав.
Ако слепец слепца водит, двајцата в ендек ќе паднет.
Ако сме браќа, ќесињата не ни се сестри.
Ако сме се скарале, очите не сме си 'и извајле.
Ако сум здрав, зошчо ми е имот, ако сум болен, зошчо ми е имот.
Ако сум парталав, сум чесен.
Ако сум помак, не сум авмак.
Ако сум сиромав за многу, за малу не сум.
Ако сум ти жена, не сум ти робинка.
Ако сум црн, не сум Еѓуптин.
Ако ти е криво лицето, не љути му се на огљалото.
Ако ти е мъка, држи си го (фати си го) в ръка.
Ако ти е тебе мило, мене не ми е.
Ако ти е топла постељата, ќе ти бидит студен ручегот.
Ако ти је клајт алката на носот, ќе те водит ко мечка низ село.
Ако ти на смеја (на шега) си се женил, јас на смеја (на шега) не сум се омъжила.
Ако ти се врзани ръцете, устата не ти е врзана.
Ако ти се фатит за пола, ќини ја (сечи ја) полата.
Ако требит се да знъјш, не требит се да прајш.
Ако тропаш по чужџи враќе, ќе ти тропет и на твојата.
Ако трпиш, ко бег ќе живејш.
Ако чвек сам не се пострамотит, никој не мојт да го пострамотит.
Акот на Ѓурговден (Митровден).
Акот на стопанот.
Ал да имаш, ал да немаш. (Ал чвек да имат, ал да немат).
Ал на бојаџи.
Ал со неја (со жена), ал без неја (без жена).
Алал да ти (му) е ко млеко мајчино.
Алал да ти е (му е) млекото мајчино.
Алаш-вереш со господа кога прајш, биди на се готов.
Алваџија за бозаџија.
Али вино, али вода аљ' кажите да си сјодам.
Али млад жени се, али млад калугери се.
Али ти е жив коњот шчо ти пцојса лани?
Ана барат мана.
Ангел со опашка. (Анѓел со рогој).
Анџија и ќираџија не е кабиљ да не се стретет.
Арамите со опинци 'и бркет потери, на арамите со скорни им чинет чес.
Арамите со опинци шчитет по планиње, арамите со скорни живеет в град.
Арамја да си со умот, а не со ръката.
Арамја од арамја ферк имат.
Арамја со скорни.
Арамјата (ајдутинот, комитата) ја клал глата в торба.
Арамјата арамја фашчат.
Арамјата е бериќетлија колку барутот.
Арамјата ја влечкат фортомата по себе.
Арамот секогаш си е арам.
Арапот кога нашол појќе масло, го намачкал и гъзот да му светит.
Арен бијол, само рогојте му се кусо.
Арен глас — златен појас.
Арен е господ шчо не (го, 'и) држит (крепит, вардит, чуват).
Арен збор — златен кључ.
Арен јунак со добра дружина.
Арен комшија и од брат поголема фара.
Арјанот му (ти) е влезен- (Значи ненаситен).
Арна ќуљафка му скроиле.
Арната момичка лош късмед имат, (а лошата арен).
Арната овца многу не блејт, ама многу млеко дат.
Арната работа се забат.
Арната стока сама се продат (се фалит).
Арниот збор железна врата отворат.
Арниот збор и царска врата отворат.
Арниот збор ојт далеку, а лошиот ушче подалеку
Арниот јунак дома не умират.
Арниот коњ и под лош мутав се познат.
Арните круши свињи 'и јадет.
Арните рабоке по кротко (пополека) се прает
Арно братство, помило од богатство.
Арно е се да знъјш, ами не требит се да прајш.
Арно ти шчо си видел, ами јас шчо не сум видел.
Арното секој го фалит, ама секој не го прајт (не го држит).
Арсланицата едно рожџат, ама арслан.
Атојте се клоцет, магарињата 'и јадет клоците.
Ах за чељад, оф од чељад.
Б
Баба мъмит, трап не мъмит.
Багла бегири за плотот.
Бадјала ќиселина поблага од мед.
Бадјала работај, бадјала не седи.
Бадјала ручег подувјат.
Бало со ѓаол не се играт.
Барај късмед во работата, а не во надежта.
Барај му 'и на даскал от назад парите.
Барат беља со борина.
Барат беља со пари.
Барат влакно в јајце.
Барат игла в плева (в плевна).
Барат сешчо ко трудна жена.
Барат шута рогој, ќе 'и загинит и ушите.
Барут и оган не се клавет едно до друго.
Бачило од свинки не се прајт.
Бегај далеку од белезано нешчо.
Бегајте ноѕе, ве испосра гъз.
Бегал од ѓаолот, паднал на врагот (на сатаната).
Бегат како од чума (од рофја).
Бегат ко ѓаол од крст (од темјан).
Бегат ко Евреин од крст.
Бежаноа мајка црно не носила, туку Стојаноа.
Бежаноа мајка црно не носила.
Без алат нема занает.
Без белачка нема живјачка.
Без бога ни до прагон.
Без здравје немат богатство.
Без Камбера свадба не се прајт.
Без ќар ти го продам.
Без мъка немат наука.
Без мъка ни песма не се испевјат.
Без неоља немат богу мољба.
Без нож ме (го, те) колиш (колит).
Без пот немат бериќет.
Без работа (пот) леб немат.
Без работа, без леб; без работа, без чест.
Без слобода ко риба без вода.
Без татко полојна сирак, без мајка цел сирак.
Без чарк водејнца не мелит.
Бела - дење свешча не се палит.
Бели пари за црни дни.
Белите ръце чужџа работа барет.
Бело ми е лицево, ама црно ми е срцево.
Бело му е лицено, ама црно му е срцено.
Бељата е во торбата.
Бељата е сирак.
Бељвица - рибица.
Берберон секакви глај стрижит, та и ќељај.
Бери мъжи, тъжи.
Бесен гъз крвав нос.
Бесот гла ѓинит.
Би брак помина.
Биљбиљот од јъзикот си тргат.
Бистра водица, мирна главица.
Битисае мъмлешките, битисае и парите.
Блага водичка, потурнилебец.
Благиот збор и железна врата отворат.
Благо (бакла) секој јајт.
Блаѕе на вредната ръка.
Блаѕе на тој шчо дат, а не барат.
Блаѕе на тој шчо имат бел образ.
Блаѕе на умната гла и вредната ръка.
Блаѕе си је на мајка ти (му).
Блаѕе си ми кога имам кој да ме перит.
Блаѕе си ми кога имат (имам) кој да ме перит, тешко мене кога немат (немам) кој да ме перит.
Блаѕе си му на белјот образ.
Блаѕе си му на умниот меѓу будалите.
Блаѕе си ти бре будала!
Блаѕе та мајка шчо го родила, (шчо те родила)!
Ближната 'рж е поблага од далечната чејнца
Бог да прости кој (тој шчо) остајл.
Божик идат, со шчо ќе не најт?
Болен здрав носит.
Болна жената, болна и куќата.
Болниот малу јајт, ама многу арџит.
Борџот е лош другар.
Бостанот го обравме, остана ушче да ја запалиме колибата.
Боцни пръчка, пи вино!
Брада му порастила, ама умот не.
Брада царска, а гла водејнчарска.
Брак и гости куќа пусти.
Браос, бре Гапе, падна, ама не се изваљка.
Брат (сестра) само мајка рожџат.
Брат без помош, враг се викат.
Брат брата не ранит, тешко тој шчо го немат.
Брат за брата, сирењето со пари.
Брат по брата, сите низ врата.
Брат помогнат од брат, појак е од еден град.
Брат против брат, полош е од најголем враг.
Брате, брате, пълна уста.
Братската љубов појака е и од железно кале.
Брезо магаре не е едно.
Брз ко ајта.
Брза помош — двојна помош.
Брзата вода бргу истеквит.
Брзата кучка слепи рожџат (слепкчишча).
Брзата работа брзо се расипвит.
Бркавме вълк, излезе лисица.
Бркај го лошото дури не ти дошло (дома).
Будалата ак'о имаше рогој, сите ќе го познаве.
Будалата и на брашно се смејт.
Будалата немат рогој.
Будалата се смејт и кога не е за смеење.

В
В една тиква прдет.
В една уста пљувет.
В лице ти се умилвит, а зад тебе гробот ти го копат.
В орман кадија не судит.
В орман ферман не се пејт.
В пазва би го клал да е кабиљ.
В село не го прибирет (прибервет) а тој опитвит ке седит попот.
В устата ти мед.
Варди го (врзи го) попот, за да е мирно селото.
Варди да не се поболиш, оти мъчно мојш да оздрајш.
Варди дури не се затркаљало клопчето.
Варди се дури си здрав, зашчо шчо марифет од ко ќе си је клајш чивијата.
Варди се и господ да те вардит.
Варди се од крава оцпреди, а од мъска одоѕади.
Варди се од мътна вода!
Варена та печена.
Варено, печено нам ни било речено
Ведра ноќ ко рибино око.
Веков е колце — се вртит.
Веков е скала: еден качи се, други слези
Веков за лошите е рај, а за арните мъки без крај.
Вера е да се држит, а закон е да се вардит.
Верата и планини подмрдвит (подмествит).
Верата си е вера, законот си е закон.
Верви му на момокот, ама и на окото.
Верен слуга — здрав (златен) кључ.
Вересија — гола шија. (вермесија, потресија).
Весело срце къдељка предит.
Ветар го вејт на бела кобила.
Ветар дупка не пьлнит.
Ветар му вејт низ ушине (глана).
Ветар терат со капата.
Ветрот дебелите дрвја 'и уриват, а слабите 'и виткат.
Ветрот е најсилен пред да тивнит.
Вечерва кучето и мачето заедно ќе спиет.
Видела жабата ке се коет (ке 'и коет, потковјет) коњите, та и та је кренала ногата (да је поткоет).
Види гъзе новина, не дочекај година (За човек што не чува алишта).
Види му 'и опинците, та пушчи го дома да ти влезит.
Види му го умот, крој му капа.
Види му го умот, купи му ја (пиши му ја) стоката.
Види му го умот, суди му за дома.
Викај ме грне, само не крши ме.
Викај по вълкот дури не влегол в трло.
Вино купви, вода пи.
Виното го прајт чвека и везир и резиљ.
Виното и раќијата немет нозе, ама по нозе мавет.
Виното и раќијата немет ръце, ама за очи фашчет.
Виното и умниот го збудаљвит (го побудаљвит).
Виното не седит во глата мадро како во шишето.
Вистина на чистина.
Вистината боцкат.
Вистината е како пипер в очи.
Вистинскиот пријатељ е помил од се (од брат).
Вјавај ме, жељко, дури (зашчо) летат орелон над мене.
Влав сиромав — Македонец; Влав богат — Грк.
Влакното го цепит.
Влегвит (влегвиш) како в ан.
Влегол во ќелеш дефтер.
Влечкај стапот, земај акот.
Во Бруса по мајмуни.
Во голема вода големи риби се лоет.
Во еврејско (турско, ѓаолско) село црква не се прајт.
Во една врчва мед, една олџица лајна.
Во една каца мед, една ока лајна.
Во здрава нога, трн не се клат.
Во каква лељајка го повиле, во таков гроб го закопале.
Во куќата на обесен не зборви за рже (фортома).
Во куче ако имат чвештина, та во него.
Во лошото чвек се познат каков е.
Во мала вода јьдра риба не живејт, (не се лојт).
Во мало село многу кучиња.
Во морето дупка.
Во морето со олџица притурвит.
Во мъката рат не те оставет.
Во мъката чвек не се познат.
Во мътна вода не се лојт.
Во мътна вода ракој — мекачи (т.е. жаби).
Во неоља и песот бълви јајт.
Во неоља не се плачит, ами чаре се барат.
Во неоља чаша отрув е поблага од печено јагне.
Во неољата учиме, а во слободата се разучвиме.
Во празен амбар (во празна куќа) ни глуфци не живеет.
Во Прилеп мајмун не играт.
Во секое брашно имат трици.
Во секое жито имат граор, (къклица, граор и къклица).
Во секоја манна мироѓија.
Во старо (фето) село нов адет (закон) не прај.
Во сто ореј здрави, еден лош не се познат.
Во тенџерето вари, во капакот јади.
Во тивка вода повисоко кревај 'и полите.
Во фети (стари) меој младо вино не се туриват.
Во чуждото око је гљат раската, а во своето гредата не.
Во чужџа манџа не клај сољ.
Вода в речина (решето, сито) не се носит.
Вода газит, жеден ојт.
Вода донесла, вода однесла.
Вода со трње не се кршчат, туку (ами) со босиљок.
Водата и огнот се добри слуги, ама лоши господари.
Водата ќе протечит, песокта ќе останит.
Водата не знъјт ни кумство, ни пријатељство.
Водата се мијат, само јъзикот не го мијат.
Водата се мијат, само црнјот образ не мојт да го измијат.
Водата се мијат.
Водата се носит, само страмотата не ја однесвит.
Водата спијат, душманот (врагот) не спијат.
Водата спијат, љуѓето не спијет.
Водата спијат, рајата не спијат.
Водата течит, песокта останвит.
Водејнци и ваљајци гајда не се слушат.
Воден од дожд не се плашит.
Води го, буцат, терај го, клоцат.
Волот се врзвит за рого, а чвекот за јъзик.
Врба дрео, зет фара (роднина) и магаре стока не се.
Врба низ гъзот ќе му порастит.
Врба огрја, зетва накрепа.
Вреден ко долниот камен од водејнца
Време бреме продат.
Време градит, време разградвит.
Време купвит, време продат.
Време носит бреме.
Време течит, пљаги (рани) лечит.
Времето понекогаш е мајка, а понекогаш мьшчја.
Времето се лечит.
Времето шчо поминало назад не се врашчат.
Врзан поп, мирно село.
Врзи прст, барај лек.
Врзи си црвен конец на прстот.
Врнит, грмит, пътот врвит.
Врти куќа без леб.
Вртит ко лисица околу стъпица.
Вълк на вълк ни в планина не удират.
Вълк пастрма не чуват.
Вълкот влакното го менвит, ама уќот (табиетот) не го менвит.
Вълкот во врешче не влегвит.
Вълкот вълчња рожџат.
Вълкот и од броените јајт.
Вълкот плачит за мъгла.
Вълкот по поръчано не идат.
Вълкот сакат млади јагниња.
Вълци, врани стоката ќе му је јадет.
Г
Гавран со гавран, а сокол со сокол.
Гаду очи.
Гал одлета, сокол долета.
Галон колку старејт, толку црнејт.
Гладен 'рт и дивјачки јајт.
Гладен вълк постред село ојт.
Гладен од Бъдник до Божик.
Гладна кокошка просо сонвит.
Гладна мечка оро не играт.
Гладот е најглема сила.
Гладот е најголема неоља.
Гласот е побрз од ветар.
Глата в ношви, ръцете на тилот.
Глата динамит не му је цепит.
Глата мојт да соберит појќе од морено.
Глата му обелела, умот не му дошол.
Глата прајт, глата тргат.
Глата прајт, ноѕете тргет.
Глата ти (му) је кршам, атарот не ти (му го кршам.
Глобок збор: езеро, море.
Глобока вода брод немат, убао моме род немат.
Глобока вода брод немат.
Глушецот отишол у глуфците.
Гљај го пијаницата, пожаљај му 'и децата.
Гљај си го пътот, скрши си го вратот.
Гљајте слепи, слушајте глуви!
Го (ј е) дупнала Марта во гъзот. (Многу мрзлив).
Го (ј е) жаљаш ко мајка ти да го (је) родила.
Го (је) држит за перчин. (Господар е над некого).
Го (ме, те, је, не, ве 'и) вапца.
Го (те) боцкет (боцкале) паричките.
Го бацил татка си в гъз. (Има исти особини како татко му).
Го гребала нестата котлето.
Го извлекол подебелиот крај.
Го изел бијолот, се удазл со опашката.
Го јадет плешчине за дрео (за етап).
Го јајт грбон за етап (за дрео).
Го клала нестата прстот на зелникот (комадот).
Го најде мајсторот. (Удри на опитен човек).
Го најде попот, ја најде и попаѓата.
Го намамил на гнила шчица.
Го намамил на слаб мраз.
Го обравме бостанот.
Го остајл ѓаолот, се нашол со врагот (со сатаната).
Го остајл стадото на вълк.
Го остајл „доброто утро" на врата.
Го остајле питомјот, го барет дивјот.
Го перит, а не го остат да плачит.
Го поканиле магарето на свадба, ама му рекле и самарот да си го зејт.
Го полазила чужџа вошка.
Го превртил листот.
Го препливал морето, се удајл на крајот.
Го префрлил жеден преку вода.
Го пушчив да чукат со ушите круши.
Го сакат ко куче етап.
Го стискат гъзот, дури влакно ќинит.
Го фатал шчркољот (шчркологот).
Го фатил волот (прчот) за рогој.
Го фатил кокошкин съмрак.
Го фатила чумата за врат.
Го(је) зела мътната. (Го (је) зеле мътните).
Говорам ти ќерко, дошикај се снао.
Годините и гајлињата не может да се сткријет.
Гол ко од мајка роден, (сосем сиромав).
Гол чвек за на бана.
Гола коска ни куче не сакат.
Гола сиромашчија, готва болест.
Голем амбар со кутле не се пълнит.
Голем град, мали гробишча, (така велат за Охрид).
Голем збор: мечка, планина.
Голем та несолен, (Голем та неасален).
Големата риба во мала вода не живејт.
Големата риба голема вода барат .
Големата риба је јајт помалата,
Голо здравје, готва болест.
Гологлај работале, бунџоглај ќердосале.
Горниот да му дојт до ак. (Горниот да му платит).
Господ бој му дал, ама ум не му дал.
Господ високу, а царот далеку.
Господ грев да не ми (ти) клајт (пишит).
Господ грев ќе ти пишит.
Господ да ме бранит од будали пријатели, а од душманите ќе се бранам сам.
Господ да ме вардит од пријателите, а од душманите сам ќе се вардам.
Господ да не те остајт со едно око и со едно дете.
Господ да те бранит да си измеќар на бел коњ и на калуѓер.
Господ да те бранит од гладна вошка.
Господ да те бранит од голи дебрани,
Господ да те бранит од голи фодули.
Господ да те бранит од дълги стапој и ниски тавани.
Господ да те бранит од дълги стапој и тесни сокаци.
Господ да те бранит од кретен ѓаол.
Господ да те бранит од крстен ѓаол.
Господ да те бранит од ќосе, од ќор и од сакат.
Господ да те бранит од лош брич и од лоша жена.
Господ да те бранит од нов чорбаџија,
Господ да те бранит од оган, вода и од лоша жена.
Господ да те бранит од пијана жена и од бесна свиња.
Господ да те бранит од покондурен опинок.
Господ да те бранит од полошо (од бетар).
Господ да те бранит од тап брич и од проста жена.
Господ да те бранит од учени луѓе, колку поучени, толку по будали.
Господ да те бранит од учени луѓе, колку поучени, толку побудали.
Господ да те бранит од учени луѓе.
Господ дал, господ зел.
Господ дат, ама низ опак не пушчат.
Господ душа сакат.
Господ забат, ама не заборат.
Господ и на шега (мајтап) дат.
Господ љубовта да им ја артерисат.
Господ милоста да им ја умножит.
Господ не гљат на љуѓето, ами на срцата.
Господ не е мачка да те драпнит одеднош.
Господ не одбират, а собират.
Господ ни куцата овца не ја остат.
Господ прво умот ќе му го зејт на чвека, а после стоката.
Господ се распасал.
Господ чвека без пријатељ да не го остајт.
Господи брани од будали луѓе.
Господи брани од голи дебрани!
Господи брани од женска беља.
Господи брани слепо (ќоро) да прогљат.
Гостинот јајт шчо ќе му ставиш, а не шчо сакат.
Готва стока — готој пари.
Готој пари и печен леб лесно се јадет.
Грабено — кълнато.
Градот глад не прајт, ама тешко ке ќе удрит.
Грба не се исправјат (не се правит).
Грбата в гроб се правит.
Грбата ни в гроб не се исправјат (не се правит).
Грбата само в гроб се исправјат.
Грдата жена берит куќа, а личната (убата) берит панаѓур.
Грејт сънце в але.
Греот во меот, (под меот), душата на круша.
Грешит поп во книга, а не магаре во нива.
Грешките се по инсанот (љуѓето).
Грмит не врнит.
Гробишча од глад немат.
Гробу на врата, (дошол).
Грош години се сторил (се сторила).
Гъз за гъз, поарно својот.
Гъз и гашчи.
Гъз и нос не знгъет за чест.
Гъз преку гла.
Гъз пукат.
Гъз точит коприна.
Гъзот земјојна ти (му, је) мирисат.
Гъзот не велит ејвала.
Гъзот не си го помрдвит.
Гънчарот знъјт од која стърна да му ја клајт ръчката на грнето.
Д
Да 'и купиме еднош волојте, та ќе видиме кој ќе 'и пасит.
Да бев ти рекол така да речиш, не ќе речеше.
Да береше секоја пчела мед, бумбарон ќе собереше најмногу.
Да береше секоја пчела мед, ќе беше ока и пара.
Да беше арно, и господ брат ќе имаше.
Да би мирно седело, не би чудо видело.
Да бидам неста, колку да поминам на редот.
Да видам и да не вервам.
Да видиш и да не вервиш.
Да го дуниш, ќе паднит
Да го заколеше, крв не ќе притечеше.
Да го маш, ќе плачит, остај го ќе ти се смејт.
Да го немат носон, трева ќе пасеше.
Да го облеквиш, да не го раниш.
Да го помирисаш, носот ќе ти паднит.
Да го раниш, да не го облеквиш.
Да го стисниш за нос, ќе му излезит душата.
Да е глува земја.
Да е жив калемот!
Да е кабия и в пазва би ме (те. го) клал*.
Да зинит, ќе те гълтнит.
Да зинит, ќе те измъмит.
Да знъјт чвек кога ќе умрит, сам ќе си го ископат гробот.
Да зшъјш не е марифет, марифет е да умејш.
Да им го видиш ајрот ко прав на тъпан.
Да има да цуцнам та ако пукнам, рекол пијаницата).
Да имаш два гъза, та еднјот да го рашчиниш, (да не те болит).
Да имаш не е марифет, марифет е да знтъјш да чуваш.
Да имаше баба мустаќи, не ќе предеше.
Да имаше брашно и мас, и баба ке посучеше преснеѕ.
Да ме клоцнит ат, се јајт некако, ама да ме клоцнит красто магаре, со нишчо не се јајт.
Да ми беше ум до судот, ко шчо ми беше од судот.
Да ми е жив соколон, еребици доста.
Да ми е овој ум, а она младост.
Да му 'и извајш очине, пак ќе прогљат.
Да му (ти) цутит јъзикот, (устата, ръката.).
Да му е жив калемот!
Да му е жив на мъжа ми калемот.
Да му паднит носон, не се навеждат да си го зејт.
Да му речет: „Летат магаре", тој ќе излезит да го видит.
Да му требит капа, да му купиш, ум немојш да му купиш.
Да не го знъјш (познаш), скъпо би го платил.
Да не дуваше ветар, пајацине небоно ќе го премреже.
Да не зинит, та да не те измъмит.
Да не му беше (је беше) носон, трева ќе пасеше.
Да не ти врнит на свадбата.
Да не чујат лошото.
Да немаше темница, ич не ќе ни беше мила виделинава.
Да паднит на плешчи, носон ќе го скршит.
Да паметвите кога бил дедо ви во Солун.
Да прднам, ќе умриш (ќе умрит).
Да се баре, не ќе се наје.
Да се жениш млад, рано е, стар — доцкна е.
Да се живи живите да 'и споменвет умрените.
Да се живи предните зъби.
Да се нает за какан-ден.
Да се чудиш и да се древиш (да се крстиш).
Да си клајш убетка на уше.
Да сме живи, да видиме.
Да сум в рај, макар и на крај.
Да сум паша, ако со опинци.
Да те клоцнит ат, се јајт некако, ама магаре да те клоцнит, болит.
Да ти е алал на граот.
Да ти е арам лебот шчо го јајш.
Да ти е жив калемот, дај да ти го бацам.
Да ти е жив коњот шчо ти цојса лани.
Да ти е жив коњот.
Да ти кажам ко на брат, за да го чујат цел град.
Да фатит вол (магаре) з' опашка, ќе му останит опашката в ръце.
Давил не давил вълкон, ко ке го видет му викет: Уа, уа!
Дадена ръка, спасена душа.
Дај ми 'и очите да те видам.
Дај ми 'и очите да те водам.
Дај ми, боже, шчо ми мислит жена ми, а не мајка ми.
Дај ми, боже, шчо ми мислит комшијана, а не мајка и татко.
Дај му на бога проскура, за да не му даш на ѓаолот ќиселец.
Дај му на будалата етап, за да ти е скршит глата.
Дај на питач, на бога му даш.
Дај нож да се (те) закољам.
Дај садака, на господа заем му даш.
Дај со ръце, барај со ноѕе.
Дала баба грош да се фатит на оро, после дала и јузлук да се пушчит, ама не је пушчале.
Дан ти се уборит (убори) бисерот.
Даскалска гла — празна.
Два гъза в едно рало гашчи.
Два карпуза под една мишка не се носет.
Два ќотега се карет, ама не и два ручега.
Два лешника еден орев надвивјет.
Два љути (остри) камена брашно не мелет.
Два петла на едно бунишче не пејет.
Два ручега не се карет, а два ќотега.
Двајца без душа, третјот без гла.
Двајца голи за на бана.
Двапъти (десетпъти) удри еднош број.
Двапъти в стъпица не падинат лисица
Двапъти водејнци се зборвит.
Двапъти водејнци, трипьти ваљајци се кажвит.
Двапъти мери, еднош сечи.
Двапъти по очите, еднош по носот, образ и немат.
Две добра на една перница не лежет.
Дури срце не заболит, око не заплаквит.
Дури сум жив и здрав, се пари сум.
Дури чвек сам не се пострамотит, никој, не мојт да го пострамотит.
Душа носиме, душа не поелвиме.
Душа од мрша лесно не се делит.
Душата во носот си је носит.
Дълга болест полоша од смрт,
Дългокоси — кусоумни.
Е
Евтиното месо ни кучиња не го јадет.
Еден будала шчо ќе заметнат, триста умни не может да го одметкет.
Еден в клинец, други в плоча.
Еден вълк на едно стадо му е доста.
Еден гљат клечка, а другиот мечка.
Еден го бијат тъпанот, други 'и собират парите.
Еден гроб е и за богат и за сиромав.
Еден дробит, други сркат.
Еден е Аџе шчо го држит султан Амида под гъз.
Еден за сите, сите за еден.
Еден јајт ќисело, други фашчат оскомина.
Еден је сакат попаѓата, други попската ќерка (сна).
Еден јъзик, а две очи чвек имат.
Еден јъзик, а две уши чвек имат.
Еден по пътот, други крај пьтот.
Еден по пътот, другиот в трње.
Еден прајт, мноѕина тргет.
Еден се родил да сејт, а други да пејт.
Еден ум чвек имат.
Еден ум, аљ за лете, аљ за зиме.
Еден чвек не мојт се да знъјт.
Една беља да е, со шеќер да је јајш (да је раниш).
Една беља не е беља, сто бели се беља.
Една гла две капи не носит.
Една гла — една капа.
Една гла — една шија.
Една краста коза цело стадо (цел буљук) ќе го окрастајт.
Една ластојца не прајт пролет.
Една нула — една кула.
Една уста, а две ръце чвек имат.
Една уста, аљ' за смеење, аљ' за плачење.
Едната ръка је мијат другата, а двете лицето.
Едната ръка је мијат другата, за да се и двете бели.
Едната ръка је мијат другата.
Еднему мајка, другему мъшчја.
Еднему со лајца, другему со пајнца.
Едни очи, аљ' за радвење, аљ' за плачење.
Едни плачет, други се смејет.
Едниот в клинецот, другиот в плочата.
Едниот го бараш, другиот го нема.
Едниот ќор, а другјот слеп.
Едно дете, ѓаол дете, две деца, мој деца. рекол натемаго ѓаолот.
Едно магаре брезо не е.
Едно магаре вода не знъјт да напијат.
Едно мислет глуфците, а друго мачката.
Едно мислит камиљата, а друго камиљарот.
Едно мислит, друго зборвит, трето прајт.
Едно мислит, друго зборвит.
Едно на срце, а друго на јъзик.
Едно на срце, а друго на лице.
Едно на ум, друго на срце, трето на јъзик.
Едно на ум, друго на срце.
Едно нешчо шчо те прајт од умен будала, не клај го в уста.
Едно око домакинско свршвит појќе работа, отколку два ръце измеќарски.
Едно сери, друго бери.
Едно чвек кројт, друго господ прајт.
Еднош (едношка) се зафашчат.
Еднош (едношка) се умират.
Еднош чвек се рожџат, еднош умират.
Еднош чвек се рожџат.
Еѓупка не белејт.
Еѓупката је клале царица, а таја ќинисала да питат.
Еѓупката не умрела од шегата.
Еѓупска сила, трње вршила.
Еѓупска торба без дно.
Еѓуптинот го клале цар, а тој опитал: „Шчо ќе прам за леб"?
Еѓуптинот ко се сторил цар, прво татка си го обесил.
Еѓуптинот кога имат пекмез, не заспивјат дури не го изејт.
Еѓуптинот кога нашол појќе мас, го намачкал и гъзот да му светит.
Еѓупшчината е без пари.

Зошто Плачковица? Велешки мрсни песни

How to use Quote function:

  1. Select some text
  2. Click on the Quote link

Write a comment

Comment
(BBcode and HTML is turned off for anonymous user comments.)

If you can't read the words, press the small reload icon.


Smilies

December 2009
S M T W T F S
November 2009January 2010
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31