Skip navigation

Lost password? | Help

Македонскиот народен гениј

makedonskiot naroden genij

Накитот во Македонија



Накитот и китењето се нераскинливо врзани со битисувањето во сите култури, кој е во тесна врска и во цивилизациски дострел на соодветното време, на неговите потреби и културни карактеристики.
Средновековниот накит се употребувал во пределот на главата, на вратот, на градите и на рацете или за дополнување на облеката, при тоа изразувајќи одредена симболика.

Годинава, во издание на издавачката куќа "Каламус", е публикуван најновиот труд "Древниот накит од Македонија" на професорката од Институтот за археологија, Елица Манева, "круна" на нејзиното дваесетгодишното ископување и проучување на македонскиот вреден накит.
Станува збор за накит (прстени, белезици, фибули, наушници, обетки, гердани, медалјони), откриен на територијата која денес ја опфаќа Република Македонија, од периодот на VII до XIV-XV век.
Книгата е преведена на англиски јазик со помош на Нада Андоновска, а содржи повеќе од 70 колор фотографии изработени од Дарко Николовски.

ОБЕЛЕЖЈЕ

Досега, како резултат на археолошки ископувања или случајни откритија, од овој простор се познати и публикувани стотици примероци средновековен накит.
Мал дел од накитот потекнува од населбинските слоеви и од закопаните трезори со скапоцености, каде што се откриени најлуксузните примероци, чии сопственици (најчесто од највисоките социјални сталежи), ги скриле таму соочени со некаква опасност.

Најголем дел од средновековниот накит потекнува од стотина некрополи од средните векови, идентификувани на територијата на Република Македонија.
Со исклучок на неколкуте некрополи од раниот среден век, каде што е дискутабилна христијанската припадност на погребените, сите други средновековни некрополи од Македонија се христијански.

"Имено, по неговото масовно прифаќање во втората половина на IX век, христијанството е религија на средниот век во Македонија, сè до навлегувањето на Османлиите и исламот кон крајот на XIV век, и населувањето на Евреите во 1492 година. Во согласност со христијанските обичаи, покојниците се погребувани во свечена облека, дополнета со накит, некогаш како нејзин составен дел, со тоа што и облеката и накитот соодветствуваат на возраста, полот, етничката и социјалната припадност и на другите особини на покојникот", објасни професорката Манева.

Како што натаму потенцира авторката на книгата, преку накитот се изразувала социјалната, статусната (хиерархиската), професионалната или етничката определба, колективните наклонетости или етикетирања, но и индивидуалните афинитети, брачната, половата и старосната припадност, естетските, духовните и религиските норми на носителите и нивната култура.

Накитот во себе содржи многу лична симболика.
Така, на пример, покрај свадбеното, прстените имаат и многу други значења - хиерархиски, кои го покажуваат статусот во рамките на некоја институција или заедница, потоа имаат и практична примена или мистична улога, ги афирмираат религиозните чувства на носителот.
Наспроти прстените кои биле поконзервативни по својата форма, наушниците и обетките помасовно се употребувале.

Во средновековието тие биле употребувани и од возрасните и од децата, од богатите и од сиромашните, од жените и од мажите.
Мажите ги носеле обетките, главно, на едното уво како амајлија.
Прекривајќи се со христијански обележја и транскрибирајќи ги постарите, архаични, магиски и профилактични својства изразени преку облиците, материјалите, орнаментиката, записите, начините и местото на примена, средновековниот накит ја зачувал и прастарата амулетска улога, односно верувањето во моќта на амајлијата.
КАТЕГОРИИ

Пронајдениот накит може да се подели во неколку категории, според изработката и материјалот од кој е направен - луксузен накит, накит за широка употреба и накит од органски материјали.
"Луксузниот накит - додава професорката Манева - бил изработен од сребро и од негови легури, од позлата, поретко од злато, а со техники на лиење, исчукување, филигран, гранулација, примена на украсно камење, а сосема ретко се вметнувале и антички геми во прстените или одделни украси се изведувале од емајл, ниело и други полихромни техники.

Кај категоријата на кит за широка употреба украсното камење е заменето со стакло или со стаклена паста или, пак, неговиот изглед се имитира со релјефни или линиски ефекти.
Филигранот, гранулацијата, емајлот, ниелото и другите скапоцени и тешки занаетчиски техники биле заменети со лиење, стружење, врежување и пунцирање.
Овде доминираат бронзата, месингот и другите легури на бакарот, оловото, калајот, железото.

Во голема употреба е и стаклената паста во најразлични бои.
Не треба да се занемари и накитот изработен од органски материјали - текстил, кожа, дрво, коска".
Хронолошкото детерминирање во оваа фаза на истраженост, поради спецификите на средновековниот накит, огромниот број несоодветно објавени наоди, локалните варијанти, продолженото траење на одделни типови, не е можно да се спроведе подеднакво и целосно за сите типови и појави откриени на нашиот простор.

Факт е дека средновековието на Македонија е долг период, лимитиран со населувањето на Словените, борбата за престиж на овие простори од страна на Византија, колонизирањето на одредени номадски популации и навлегувањето на Османлиите. Доаѓањето и заминувањето на сите тие популации влијаело и врз промените во облекувањето и китењето.

Нов период во материјалната култура на овој простор настапува на почетокот на XIII век, по паѓањето на Цариград и распарчувањето на Византија кога западноевропските влијанија стануваат сè понагласени.
"Социјалната и сталешката диференцијација на населението во овој период биле многу понагласени - констатира авторката Манева - а накитот станал сè помасивен и погиздав.

Во македонските христијански некрополи, кога оваа популација се погребувала со облека и со накит, се забележува дека османлиското навлегување донесува некои промени во духот на ориенталниот стил.
Меѓутоа, истовремено е присутна и друга тенденција; петрификација на старите форми, декоративни мотиви и симболични значења кои се преточуваат во ова време, инфилтрирајќи се во македонскиот фолклорен накит".

Според професорката Манева, споредбата на накитот, обичаите во врска со китењето и со облеката од средниот век во Македонија со подоцнежната етнографска граѓа: носијата, везовите, гиздењето, зачувани во фолклорот, ќе покажат што сè и во кој облик продолжило да живее или се изгубило при формирањето на македонската народна култура и стил.

СЛИКИ

Секој петок урда јадамcopper-made Objects in the balkan countries

How to use Quote function:

  1. Select some text
  2. Click on the Quote link

Write a comment

Comment
(BBcode and HTML is turned off for anonymous user comments.)

If you can't read the words, press the small reload icon.


Smilies

January 2010
S M T W T F S
December 2009February 2010
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30